Инфо  

Галерии

„Ало - Пензионерски прашања“

18.8.2020

На 4 август 2020 година проработи линијата 02 3213 227 „Ало - Пензионерски прашања“. Прашањата кои се поставуваат се интересни и се поврзани со животот на сегашните, но и на идните пензионери. Еве што најчесто прашуваат:

  • Дали постои Закон за старски домови;
  • Дали пензионерите ќе бидат опфатени во некој нареден пакет заради пандемијата:
  • Дали оваа година ќе има бањско лекување;
  • Кои документи се потребни за нега на трето лице;
  • Зошто се чека долго за добивање на првата пензија;
  • Зошто нeма усогласување и кај другите пензионери како што имаше кај пензионерите на ОВР; За поскапувањето на струјата и другите поскапувања кои влијаат на стандардот на пензионерите;
  • Како и каде да се учленат во активностите на пензионерските  здруженија;
  • За поскапувањето на струјата и другите поскапувања кои влијаат на стандардот на пензионерите;
  • Дали државата ќе ги субвенционира пензионерите со ниски пензии за да можат да се згрижат во скапите приватни старски домови;
  • Зошто извршителите им земаат 1/3 од пензијата на пензионерите со мали пензии;
  • Дали болните од малигни заболувања се ослободени од плаќање на патарина;
  • Прашањата поврзани со здравјето главно беа поврзани со временските промени, хроничните болести и корона вирусот.

Дежурните лица им даваа одговори на прашањата во граница на нивните можности  и знаења, но на некои прашања накнадно ќе им биде одговорено.
Прашањата ќе генерираат и нови проекти и ангажирања на Сојузот се’ со цел животот на пензионерите да биде поквалитетен, посодржаен, а нивниот стандард подобар.
Проектот се реализира и благодарение на поддршката на Шпаркасе Банка  АД Скопје, со која СЗПМ има долгогодишна добра соработка.

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3