Oбјавена книгата „Сликање со светлина“од проф.д-р Цветан Гавровски
      10.12.2020
		        
		        Издавачката  куќа „Матица македонска“ ја објави книгата „Сликање со светлина“ од проф. д-р Цветан  Гавровски, национален мајстор на фотографијата и ЕФИАП на светската федерација  на фотографска уметност. На 370 страници со двата циклуса, црно-бело и колор,  во книгата се репродуцирани околу 200 фотографии со краток наратив. Трудот е на  македонски и на англиски јазик со текст за авторско видување на креативната  фотографија како ликовно изразно средство. 

Гавровски е уметнички  фотограф, со 40 години творечко присуство во светот создаден низ објективот на  фотографскиот апарат и е еден од најекспонираните автори од Македонија. Тој ги  открива тајните и на својот „фотографски ракопис“ и кои се неговите авторски  стремежи. „Најмногу сакам преку фотографијата да ги прикажам атмосферата и  времето. Тие  ја објаснуваат сегашноста.  Утре најверојатно ќе бидат исправени пред барање да послужат како објаснување  за една вистина, за едно време.“