Инфо  

Галерии

ЗП Чаир

Средба со градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу

24.3.2021

Претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија Станка Трајкова, заедно со делегација од ЗП Чаир, на 10 март 2021 година оствари средба со градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, кој беше запознаен со тековните активности на Сојузот и со секојдневните проблеми со кои се судираат пензионерите од ЗП Чаир. На почетокот претседателката Трајкова во знак на благодарност за поддршката што градоначалникот Ганиу, во рамките на своите можности секогаш е спремен  да им излезе во пресрет на барањата на пензионерите, му врачи примерок од Монографијата на СЗПМ со посвета од претседателката Трајкова, каде е поместен текстот од музичката ревија на која беше присутен градоначалникот, а домаќин беше ЗП Чаир и примерок од весникот „Пензионер плус“.           

Претставник од ЗП Чаир го запозна градоначалникот со развојниот пат и работата на здружението, при што нагласки дека оваа е уште една од низата средби на која се разговара за поддршка на оваа категорија граѓани, се со цел да се подобрат нивните услови за живот. Посебно се задржа за обезбедување простории за  разграноците на Здружението, кои ќе им служат како клубови за секојдневна дружба на пензионерите во разни делови од општината. На крајот ја истакна традиционално добрата соработка со општинските власти, му се заблагодари на градоначалникот Ганиу за она што општината и тој лично досега го имаат направено за пензионерите и ја изрази својата поддршка за идните заеднички активности.

На средбата градоначалникот Ганиу ја истакна одличната соработка со пензионерите, нагласувајќи дека сите нивни активности и потреби се поддржани од Општината истакнувајќи дека грижата за највозрасната група граѓани продолжува да се унапредува, со цел овозможување на поубави и безгрижни пензионерски денови. Градоначалникот вети дека грижата за пензионерските клубови во Општина Чаир ќе продолжи и во иднина и најави дека ќе се ангажира и заложи за кус период да се пронајдат соодветни објекти, за кои киријата и инвентарот ќе биде на товар на Општината.

На крајот беше искажана благодарност кон Општината и градоначалникот Ганиу за континуираната поддршка и беше оценето дека средбата била продуктивна.

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3