Инфо  

Галерии

Халкбанк

2.3.2021

Халкбанк АД Скопје  како носител на платниот промет има развиено брз, ефикасен и квалитетен систем за извршување на платниот промет, како една од основните функции во банкарското работење, со што на своите клиенти им нуди услуга согласно нивните потреби. Притоа, Халкбанк како банка чие мото е „Важни се луѓето“ на своите клиенти, физички лица кои имаат трансакциска сметка во Халкбанк, им овозможува плаќање на сметките за комунални услуги без надомест. Истото може да се изврши во која било филијала на Банката.

Халкбанк исто така нуди и други можности за плаќање на сметките, односно преку е-банкарство, што е исто така без провизија, како и со потпишување траен налог, со што Банката ги извршува плаќања секој месец без потребата клиентот да посетува некоја филијала и да ги приложува сметките.

Отворање трансакциска сметка во Халкбанк е брзо и едноставно и истото е без провизија. Клиентите на банката без провизија можат да вршат уплата на средства на своја сметка, а за исплатата се наплаќа 20 денари по налог. Подигање на средства може да се врши и на некој од многуте банкомати на Банката, а примателите на плата или пензија преку Халкбанк истото можат да го прават и на банкомати од која било друга банка во земјава без пресметување провизија.

Халкбанк за своите пензионери врши предвремена исплата на пензијата и тоа е пракса воспоставена и пред почеток на пандемијата со која уследија препораките до банките за предвремена исплата на пензии.

Од почетокот на март Халкбанк е носител на платниот промет и во Македонска пошта. На шалтерите на Пошта граѓаните повторно можат да ги вршат сите плаќања во готово, што вклучува и плаќање на сметките за комуналните услуги. Надоместокот за оваа услуга е 35 денари и истиот е далеку понизок од оној што се плаќа во голем дел од банките во земјава.

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3