Инфо  

Галерии

Наградата „Наџи Нааман“ за Васил Тоциновски

27.10.2021 Меѓународната книжевна награда „Наџи Наaман“ е ново признание за македонскиот писател и научен работник Васил Тоциновски. Станува збор за признанија кои се доделуваат во повеќе категории и што имаат своја традиција и континуитет деветнаесет години. Востановени се во 2002 година и „се доделуваат на автори на книжевни дела кои се најеманципирани по содржина и стил, а чијашто цел е да ги оживеат и развиваат човечките вредности“. Жирито ги соопшти добитниците во повеќе категории и тие биле избрани во конкуренција на 3 217 учесници од 80 земји кои пишувале, создавале на 60 јазици. Васил Тоциновски е носител на признанието за целокупен книжевен и научен опус. Во септември 2021 година, победниците соопштува организаторот, ќе ги видат своите одбрани текстови печатени во годишната книга во бесплатната литературна серија на Фондацијата за слободна култура „Наџи Нааман“. Добитниците со тоа стануваат и почесни членови на Домот на културата на Намаан во Бејрут, Либан. Она што секако треба да се забележи е податокот оти носител на предлогот за можен добитник на признанието за Тоциновски е познатата поетска авторка Олга Лалиќ Крофицка, поетеса, есеист, критичар, колумнист и преведувач. Нејзин е и изборот од поетското творештво на македонскиот автор Тоциновски како посебен прилог со препеви од македонски на англиски, германски, француски, полски, хрватски и српски јазик. Податок што не изненадува, зашто станува збор за писател чии стихови биле публикувани во повеќе полски списанија, антологии, а во 2015 година е објавена неговата книга раскази „Од другата страна на морето“ што била проследена со пофални критичарски толкувања и вреднувања. Творечкиот опус на Васил Тоциновски се 91 книга белетристика (поезија, раскази, романи за возрасни и за деца и млади, книжевна критика и есеистика) и македонска литературна историја, потписник е на 70 редакции и избори од македонското книжевно и публицистичко наследство, бил соработник во 22 енциклопедии, учебници, прирачници и зборници. Во земјата и во странство објавил околу 2 000 книжевни студии, критики, есеи, записи. Преведуван е на дваесетина јазици и добитник е на триесетина значајни, престижни домашни и странски награди и признанија.
Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3