Инфо  

Галерии

Седница на Координативното тело на активи на пензионерки

Донесени констатации и заклучоци

8.12.2021

Координативното тело на активите на пензионерки во проширен состав со претседателките на активите на пензионерки од здруженијата на пензионерки одржа седница на која беа усвоени Извештајот за 2021 и Програмата на ова важно тело на Сојузот. Седницата се одржа на 24.11.2021 година. На седницата едногласно беше констатирано дека во 2021 година носители на хуманитарните активности се главно активите на пензионерки, каде што пензионерките учествувале во речиси сите активности во здруженијата. Во таа насока ќе бидат и планираните активности во 2022 година. Се разбира дека Програмата постојано ќе се надополнува во согласност со потребите. На седницата беа донесени следните

                                          КОНСТАТАЦИИ И ЗАКЛУЧОЦИ

  1. Позитивно е оценето одржување на седницата на Координативното тело на активите на пензионерки во проширен состав со активите на пензионерки особено нивната активност во здруженијата  во развојот на социјално-хуманитарната дејност и други активности во насока на подобрување на животот на пензионерите.
  2. Средбата со претседателките на активите на пензионерки  имаше цел да се разменат искуства и желба за понатамошно дејствување во рамките на здруженијата на пензионери. Значајна активност во наредниот период е посета и помош на пензионери од руралните средини.
  3. Во 2022 година ќе продолжи значајната активност на активите на пензионерки во услови на пандемија помагајќи ги пензионерите и почитувајќи  ги  протоколите за превентивна заштита од ковид 19.
  4. Покрај постојните активности се заклучи да се работи креативно, проактивно во практикување на активностите кои се потребни во актуелното време на опстанување.
  5. Привлекување нови членки – активиски со можност за воведување на нова енергија и знаење со што ќе се збогати работата на активите.
  6. Главна определба на активите е да работат волонтерски, но со обезбедување  средства за покривање на реалните трошоци. За успешна работа на активите се предлага и препорачува  да се предвидат средства во Финансискиот план на здружението  за работа на  активите на пензионерки.
Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3