Инфо  

Галерии

39-та седница на Одборот на регистрираната организација за солидарен фонд и членарина

Донесени времени одлуки за санирање на состојбите за исплаќање на посмртна помош

1.3.2022

На 07.02.2022 год. Одборот на Регистрираната организација за солидарен фонд и членарина, по усвојувањето на дневниот ред и по широка дискусија, констатираше  дека состојбата на овој фонд не е добра, бидејќи бројот на починати пензионери расте поради пандемијата Ковид19, затоа што и со последната одлука за задршка од делот на пензијата не се успеа да се стабилизира состојбата. Во овој момент, за исплата чекаат над 4100 лица, а времето на чекање е околу 4 месеци. Во врска со оваа состојба на солидарниот фонд, во дискусијата се истакна дека по изјаснувањето на лекарите специјалисти, наскоро се очекува да опадне бројот на ново заразени, а со тоа и на починати лица од оваа пандемија што ќе има влијание и на стабилизација на солидарниот фонд.

По опширната дискусија, Одборот  донесе едногласна одлука  висината на задршката за солидарен фонд-посмртна помош се определува во износ од 150 денари почнувајќи со исплатата на пензијата за месец февруари 2022 година заклучно со исплатата на јунската пензија за 2022 година, Одборот одлучи  висината на посмртна помош, што се исплатува на членовите на семејствата на починат пензионер, да изнесува 25.000 денари, почнувајќи со задршка со  исплата на пензијата за месец февруари 2022 година, со тоа што примателите на посмртна помош ќе имаат право на разлика од 5000 денари(од 25.000-30.000 денари) по акумулирање на потребните средства за исплата на посмртна помош, според евиденцијата што ја води ФПИОМ.

При одлучувањето Одборот имаше предвид одредбата од членот116 став 2 од Законот за пензиско инвалидско осигурување со која е предвидено дека Одборот е надлежен да ја утврди висината на задршката за посмртна помош, висината на исплатата на посмртната помош во зависност од акумулираните средства и смртноста  на корисниците на пензија.

Одборот на регистрираната организација за солидарен фонд и членарина, дискутираше и во врска со “драфт” верзијата на измени и дополнувања на Законот за пензиско и инвалидско осигурување и констатираше  дека и Сојузите на здруженија на инвалидски пензионери, предлагаат одредбите од овој закон кои се однесуваат на солидарен фонд и членарина, не треба да се изменат или дополнат, бидејќи со тоа би се навлегло во пензионерското организирање во нашата држава, која функционира непречено повеќе од 75 години.

Ментор Ќоку
претседател на ОРО
Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3