Инфо  

Галерии

Ден на пензионерите на Македонија - 20 септември

20.9.2022

Денес Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија го одбележува на пригоден и достоинствен начин Денот на пензионерите на Македонија - 20 септември.
Одбележувањето на овој важен датум за пензионерите, е во рамките на проектот на СЗПМ „2022 година на рурален пензионер“, со кој Сојузот се фокусираше на грижата и помошта на пензионерите во руралните средини. По тој повод како најактивни Признанија добија здруженијата на пензионери: Гевгелија, Валандово, Штип, Кратово и Сарај.
Нека ни е честит Денот и да го одбележуваме и прославуваме уште многу години со нови активности, постигнувања и резултати во интерес на сите сегашни и идни пензионери.

Станка Трајкова
Претседателка на СЗПМ

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3