26 –ти Републички пензионерски спортски натпревари - Охрид 2022
16.9.2022
На 14 септември во Охрид, градот на македонската писменост и просветителство, градот на светите Климент и Наум, се одржаа 26 –ти Републички пензионерски Спортски натпревари. Организатор на натпреварите е Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, а домаќин беше ЗП Охрид и Дебрца.
На присутните им се обрати и натпреварите за отворени ги прогласи претседателката на СЗПМ Станка Трајкова, првата жена претседател на Сојузот.
Оваа година севкупни победници на 26-тите републички спортски игри се спортистите од ЗП Охрид и Дебрца, втори се пласираа спортистите од ЗП Тетово и третото место им припадна на спортистите од ЗП Прилеп. Пехарите, на претседателот на ЗП Охрид и Дебрца Ѓорѓи Трпчески, му ги врачи претседателката Станка Трајкова.