|
1-ви Октомври Меѓународен ден на старите лица
28.9.20221 Октомври за светски ден на старите лица прогласен е од Обиденетите нации во 1990 година.
Значењето и улогата на Mеѓународниот ден на старите лица има за цел да ја подигне јавната свест за проблемите и предизвиците на стареењето, да го нагласи придонесот на старите лица во општеството, да ја искорени дискриминацијата поради возраста, злоупотребата на старото лице во домаќинството и општеството, која што предизвикува депресија и физички заболување на старото лице.
Во денешни тешки услови на живеење Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија ќе го одбележи овој ден под мотото „РУРАЛЕН ПЕНЗИOНЕР” бидејќи 2022 година е прогласена за година на рурален пензионер. На 20 септември на Денот на пензионерите беа избрани пет здруженија кои биле најактивни во давање на помош и грижа на пензионерите како возрасни лица.
Покрај овие активности по повод Денот на старите лица, Здруженијата на пензионери ќе спроведуват низа хуманирарни активности, креативни работилници, посета на пензинерите во пензионерски домови, организирање на бесплатни прегледи, дружење со цел да се постигне „Исполнет живот“во третата доба.
Во знак на одбележување на 1 Октомври како Ден на старите лица на 28.9.2022 година ќе се одржи седница на Координативното тело на Активите на пензионерки од Здруженијата на пензионери на која ќе се говори како пензионерите меѓу себе да си помагаат почитувајќи ги принципите на хуманост, единство, доброволност, незвисност обезбедувајќи активен пензинерски живот на членството.
Сојузот на здруженијта на пензионерите на Македонија и Здруженијата на пензионери секогаш ќе ги заштитуваат пензионерите сите активности ќе бидат во нивен интерес.
Станка Трајкова,
претседателка на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија
|
|