Разговор со Бронхилда Станковска, Швеѓанка од Куманово
„Ја сакам уметноста во сите нејзини облици“
3.10.2022
- Почитувана Бронхилда, најнапред кажете им на нашите читатели како дојде до тоа патот да ве однесе од Куманово во Шведска?
-Јас сум кумановка. Отидов да работам во Шведска како медицинска сестра, по наговор од брат ми Владимир Станковски, тогаш професор на Металуршкиот факултет во Скопје, доктор на науки. Тој го прошета светот за време на студиите и по вработувањето. Ми рече: „Направи така! Добро ќе биде, ќе го видиш светот со свои очи.“ Му поверував. Имам песна напишано за тој разговор.
- Ве фаќа ли носталгија и како се справувате со тоа чувство?
-Дали ме фаќа носталгија?! Таа живее во мене сето оваа време додека живеам во Шведска. Се спарвувам пишувајќи, превртувајќи по спомените од детството, посетувајќи ги моите роднини, мојот град. Секоја година патувам за Куманово. Чекорам по уличките со калдрма, размислувам... Се враќам со тажно срце во Шведска. Секојпат!
- Каков е животот на пензионерите и старите луѓе во Шветска, за нас малку позната земја?
- Животот на пензионерите како член на пензионерско друштво, не ми е многу познат бидејќи не сум член на ниедно. Инаку луѓето тука жвеат долго, јадат здрава храна, доста шетаат... Постојат домови за стари луѓе. Сум била на активности организирани за старите лиѓе на кои има музика, пеење, изложби... Одам на секција за фотографија. Имаме изложби во таквире домови. Итересно е дека во секцијата учествуваат членови од сите возрасти. Раководителот е постар човек - пензионер.
- Вие сте мошне интересна личност. Со што се исполнети вашите пензионерски денови ?
- Слободното време го исполнувам со читање, пишување, фотографирам, цртам, сликам масло на платно... Одам на состаноци на Социјал Демократската Партија во Малме. Имаме локал во мојот кварт. Член сум на Македонско Културно Спортско Друштво во Малме. Многу години пеев во Црковниот Хор на Св. Наум Охридски, во Македонската Православна Црква во Малме, Имам другарки од разни националости од Колумбија, Чешка, Србија, Шведска ... Одиме еднаш месечно на заеднички ручек.
- Присутна сте и на социјалните мрежи со свои стихови и слики, но закачувате и туѓи кои филиграмски ги одбирате. Кој поет и сликар би го издвоила како омилен?
- Да, активна сум на социјалните мрежи. Закачувам моја поезија и мои слики, но и туѓи кои ќе ми ја допрат душата. Мои омилени поети се: Руми, Гете, Taгоре, Јесењин... Уметниците Ван Гог, Eдвард Мунк... Ја сакам уметноста во сите нејзини облици!
- Имате ли издадено збирка на поезија или организирано изложба кај нас во Македонија или таму во Шведка, за да можат и други да уживаат во траговите што ги оставате како спомен, како убавина?
- Немам издадено книга со поезија. Изложба имам направено со фотографии во разни Домови за стари лица, цркви, школи... Мои уметнички слики имам изложено во просториите на ИКФ „Интернационално Женско Удружение“ во Малме.
- Вашата порака до пензионерите во Македонија.
-Исполнете си ги пензионерските деново со содржини и сакајте си ја татковината како нешто најдраго.
„….гледајќи го парчето на сивото зимско небо
сонувам за едно одредено, единствено, топло лето
сонувам за нашето сино небо!“
- На крајот не можам, а да не ве прашам од каде и како сте го добиле името Бронхилда. Тоа не е ни македонско, а уште помалку кумановско?
- Требало да се викам Брунхилде. Моите две сестри и брат ми, мошне постари од мене, сакале малата сестричка да се вика Брунхилде, по епопејата на Нибелунзите, Нибелуншкиот прстен. Читале лектира и името на северната кралица Брунхилде, многу им се допаднало. Според преданијата Брунхилде била силна, исклучителна личност од нордиските краеви. Брунхилде изгорела во пламен, заради љубов. Вагнеровата опера за Брунхилде е единставена и многу убава!
Ме крстиле во црква, скришум, бидејќи татко ми бил комунист! Свештеникот запишал Бронхилда!
Калина Сливовска-Андонова