Инфо  

Галерии

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со членовите на Извршниот одбор на Сојузот

17.12.2022

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска оствари средба со членовите на Извршниот одбор на Сојузот, на која стана збор за актуелни прашања кои се од интерес на пензионерите. На средбата се направи осврт на досегашните политики и мерки од кои директна придобивка имаат пензионерите.

Претседателката на Сојузот на пензионери, Станка Трајкова во името на сите пензионери се заблагодари на соработката и на вклученоста на претставниците на пензионерите во креирањето на политики и мерки наменети за оваа категорија на граѓани.

На средбата Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчвска истакна дека Владата преку Министерството за труд и социјална политика се труди да обезбеди подостоинствен живот на пензионерите, со креирање на  долгорочни системски решенија.

На средбата се разговараше за  предлог на Сојузот да се донесе Нацинална стратегија за социјално домување на пензионерите со посебен осврт  за социјалните услуги на локално ниво, кои Министерството за труд и социјална политика преку Проектот за подобрување на социјални услуги ги реализира со општините и  провајдерите како даватели на услуги во домашни услови.

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3