Инфо  

Галерии

Почнуваат Регионалните ревии на песна, музика и игри и спортските натпревари

20.4.2023

Како и секоја година и оваа од април месец ќе започнат Регионалните ревии на песна, музика и игри во организација на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, каде домаќини се здруженија од осум различни градови. Ова се едни од најмасовните активности на Сојузот.

Тој ден слави целиот град, а на Ревиите има присутни од сите генерации. Традицијата продолжува заедно со песната и звуците на народните инструменти и разнобојните носии. Се будат спомени, се радува душата. Пензионерите од градот домаќин пеат и играат заедно без разлика на вера и нација. Сите се задоволни затоа што излегле од дома и се сретнале со пензионери и од други здруженија, од други градови.

На ревиите има и други пропратни активности: изложби на ракотворби, на слики и друго, изработено од вредните раце на пензионерите. Некаде има и поетски читања и фолклорни настапи на нивните најмили на внучињата.

Оваа година овој музички караван ќе започне од легендарното Крушево на 28 април а ќе заврши на 22 мај во мултиетничко Тетово каде домаќин ќе биде здружението на пензионери од градот.

Значењето на овие ревии е затоа што тие ги чуваат нашите корени, нашиот идентитет и нашата традиција. На овие ревии вообичаено присутни се и градоначалниците што претставува чест и почит за највозрасните жители.

Ве известуваме дека Регионалните спортски пензионерски игри во организација на СЗПМ ќе се одржат од 23 мај до 25 јуни 2023 година. За распоредот дополнително ќе бидат известени сите Здруженија на пензионери.

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3