Инфо  

Галерии

Демант на информацијата емитувана на ТВ 24

2.5.2023

ДО
Редакцијата на весникот Пензионер плус

Почитувана Редакцијо на весникот Пензионер плус
Од името на Здружението на пензионери Ѓорче Петров сакам да ја демантирам  информацијата емитувана на ТВ 24 во емисијата водена од Биљана Секуловска, која како искусен новинар се доведе во ситуација да не ја почитува основната цел и задача на новинар, а тоа е да обезбеди точни, навремени и објективни информации.
Истата не водеше сметка при пласирањето на информациите да не ги наруши  највисоките етички и новинарски стандарди.
Во нејзината емисија, на 2.4.2023 година во 17:45 часот, пласирани се невистинити информации од страна на пензионер кој го нема задоволено своето лично его, и за доминација над останатите пензионери во здружението зборува за невистинити настани кои се случувале пред повеќе од  8 години.
За жал од страна на уредникот на емисијата, изнесените информации кои од страна на новинарот не се проверени, беа прифатени како вистинити и како такви истите се промовирани во етерот, со што се нарушува угледот на Здружението.
Нашето здружение е секогаш отворено за соработка со сите медиуми и за секоја информација која е во интерес на пензионерите подготвени сме да ја споделиме.

Здружение на пензионери Ѓорче Петров - Скопје
Претседател на ИО  Митко Стојаноски

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3