Инфо  

Галерии

Успешен состанок со дописниците на СЗПМ

28.9.2023

На 28.9.2023 година, се одржи состанок со дописниците на весникот „Пензионер плус“, на весникот „КОХА“ и на веб-страницата на Сојузот, на кој присуствуваше Претседателката на Издавачкиот совет на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, Станка Трајкова. Состанокот се одржа  според Програмата на Сојузот имаше за цел подобрување и унапредување на информирањето во Сојузот, кое е двонасочно и е многу важно за здруженијата и за Сојузот за транспарентно прикажување на настаните.
Состанокот го отвори и го водеше главниот и одговорен уредник на весникот „Пензионер плус“ Калина Сливовска-Андонова. Таа ги поздрави сите изразувајќи задоволство што тие со своето присуство го покажуваат својот одговорен однос кон значењето на информирањето во Сојузот.

На присутните прва им се обрати  Претседателката на Издавачкиот совет и на СЗПМ Станка Трајкова, која меѓу другото истакна:
- Почитувани присутни, информирањето во СЗПМ како статутарна обврска се одвива, пред се’, преку издавање на весникот „Пензионер плус“, страницата за пензионерите на албански јазик во весникот „КОХА“ во кој се објавува избор на написи, преку нашата веб-страница, како и преку други печатени  и електронски медиуми во нашата земја на локално и национално ниво.
Во многу здруженија се бараат и се наоѓаат разни начини како „Пензионер плус“ да дојде до пензионерот, но тоа треба да биде уште поактивно и позасилено, а за тоа треба да се заложиме сите за да дојде до што поголем број читатели.
Во овој изминат период се правеа напори да се унапреди содржината на „Пензионер плус“ со нови содржини.  Сакаме да се промени изгледот на весникот, но транспарентноста и понатаму мора да бидат присутни во секој напис.  Вие сте дописници на весник што го издава СЗПМ, и од Вас се очекува  да застанете пред сите предизвици, да ги следите и да ги афирмирате активностите и проектите кои ги покренуваат здруженијата и Сојузот, како прашања важни за пензионерите. Сакам да кажам и нешто за лажните вести кои се пласираат по социјалните мрежи. Треба сите да бидеме внимателни и да не дозволиме никој да ни го руши нашето достоинство и да го омаловажува нашиот труд и нашите резултати, а тоа ќе се постигне со ваши написи во кои јасно ќе се промовира вистината. Тоа не треба да биде расправа во недоглед, туку едноставно изнесување на факти и докази, потенцираше Трајкова.
По нејзиното афирмативно и поттикнувачко излагање, сите се претставија со цел да се запознаат и во иднина да разменуваат искуства и знаења за одредени проблеми и прашања.
Потоа на состанокот зборуваше главниот и одговорен уредник на весникот „Пензионер плус“ Калина Сливовска-Андонова, која рече:.
- Го слушнавте излагањето на претседателката Трајкова. Денес јас ќе зборувам за некои практични работи кои ќе ја  унапредат и олеснат вашата дописничка дејност во техничка и новинарска смисла. Како што знаете денес компјутерот и интернетот станаа неразделен дел од животот и на повозрасните. Денес интернетот и компјутерот ја олеснија нашата работа и затоа многу е важно да сме компјутерски и медиумски писмени. Пред де­се­ти­на го­ди­ни мно­гу­ми­на од постарата генерација, не само што не ко­ри­стеа ин­тер­нет ту­ку и не з­на­еј­а ка­ко би го ко­ри­сте­ле. Де­нес го ко­ри­стат и голем број на луѓе­то и од тре­та­та до­ба, а тоа од ден на ден ста­ну­ва не­раз­де­лен дел од жи­во­тот  ка­ко еду­ка­ци­ја, ра­зо­но­да и дру­га­ру­ва­ње. Радува фактот што сите вие сте се’ поуспешни и се’ помалку зависни од туѓа помош, кога е во прашање компјутерот. За да бидете уште подобри и понезависни ви подготвив материјал со најосновните совети кои траба да ги практикувате при создавање на вашите написи. Меѓу вас има искусни новинари, но и аматери-ентузијасти. За да биде написот добар и јасен, секогаш треба да ги имате на ум овие пет зборчиња: кој, што, каде, кога и како!

Потоа имаше дискусија од присутните. На состанокот беа донесени следните

ЗАКЛУЧОЦИ:

  • Да се потрудат здруженијата нивните активности да влезат во буџетите на општините бидејќи во овој период се носат буџетите со подготвување на проекти заедно со другите органи и тела на здруженијата;
  • Да се зголемат сите активности во ограноците и да се работи на привлекување нови пензионери активисти;
  • Да се зголемат сите активности особено во руралните средини;
  • Дописниците да помогнат здруженијата да оформат своја подстраница на ВЕБ страницата на СЗПМ и редовно да ги праќаат измените;
  • Да се соработува со дописници од други здруженија на пензионери и со невладини здруженија кои се занимаваат со слични прашања во земјата, но и пошироко;
  • Да се интензивира информирањето на членството за прашања во врска со здравството и правата на пензионерите;
  • Да има повеќе специјални емисии за пензионерите на сите телевизии (локални и национални) како што е емисијата „Трета доба“ на МТВ;
  • Да се иницира изготвување на  разни видови на соопштенија, флаери, банери, информатори, билтени и монографии и друго;
  • Здруженијата да гостуваат на локалните и националните РА, ТВ и во пишани медиуми и да ја афирмираат работата на здруженијата и на Сојузот;
  • Во написите да афирмираат вистината и да се борат против објавување на лажни  и вести без докази;
  • Написите да се испраќаат по можност 10-15 дена пред излегување на весникот
  • Во написите да има и критички осврт на случувањата во граница на можностите;
  • Буквите да бидат поголеми, како и фотографиите.
Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3