Пензионери од две здруженија ја посетија Народна Банка
23.12.2023
Претставници на Здружението на пензионери Ѓорче Петров – Скопје и Здружението на пензионери Солидарност-Аеродром на 15 декември 2023 година ја посетија Народната банка на Република Северна Македонија. Во рамки на посетата пензионерите имаа можност да се запознаат со основните функции и задачи на Народната банка, современите начини на плаќање електронско и мобилно банкарство, како и за безбедност при користењето дигитални финансиски производи и услуги. Посетителите се запознаа со новините од новиот Закон за платежни услуги и платни системи кој стапи на сила од 1 јануари 2023 година, како и со бројните едукативни материјали на Народната банка наменети за возрасното население.
Исто така, посетителите имаа можност да го посетат Музејот на Народната банка и да ја видат богатата нумизматичка збирка на монети коишто се користеле на територијата на нашата земја низ вековите па се до денес.
На средбата имаше неколку прашања од пензионерите. Со цел да им се доставaт одговори прашањата треба да се достават на е-адреса edukacija@nbrm.mk. Прашања можат да поставуваат и пензионери кои не беа меѓу посетителите или кои во иднина ќе ја посетат организирано Народна банка.
Соработката ќе продолжи на задоволство на пензионерите и на Народна Банка на Република Северна Македонија, бидејќи посетата од пензионерите е оценета како многу корисна.