|
НОВ ПРОЕКТ НА СЗПМ
Мала помош која многу значи
23.12.2023Потребата да се предложи овој проект насловен како “Мала помош која многу значи“ e маката на една пензионерка која две седмици немаше кој да и ја смени сијалицата во ходникот бидејќи е високо поставена, а таа не смее и не може да користи скала. Такви примери има многу. Истото се случува и со други мали поправки во домот на пример: да се смени гумичка на чешмта или да се помогне да се закачи на ѕид слика која е значаен спомен од младоста, да се изврши мала поправка на правосмукалката, да се поправи ролетната која се откачила и уште многу други мали нешта кои им го загорчуваат животот особено на највозрасните и немоќни осамени наши колеги членови на нашите здруженија.
Посетата на осамен пензионер ќе биде добредојдена и пријатна и за тој што помага и за тој на кој му се помага. При тоа бонус е дружењето! При тоа посетителот ќе биде пензинер кој ќе го знае здружението, предложен од соодветна комисија во здружението по претходно утврдени критериуми.
Значи, овој Проект ќе биде можност да се искористи занаетчиското и друго знаењето на пензионери кои ќе сакаат да ги направат овие ситни услуги, многу хумани и важни за пензионерот примател на услугата.
Се предлага најпрво овој проект да се реализира во еден огранокот бидејќи пензионерите таму се познаваат и полесно е да се организраат како ПИЛОТ ПРОЕКТ. Ако се покаже корисен односно пензионерите бидат задоволни, може да се прошири и во другите ограноци на одредено здружение.
За овој проект Здружението на пензионери ќе донесе соодветна правна рамка која ќе содржи одредени потребни елементи: каде ќе започне да функционира проектот, евиденција на ангажираниот пензинер, легитимација која ќе ја поседува ангажираниот пензионер во која ќе пишува од кое Здружението на пензионери е ангажиран и друго. Потоа ќе се направи анализа со согледување на извршените волонтерски активности. При тоа во овој проект многу значајно ќе биде и одредена СИМБОЛИЧНА СТИМУЛАТИВНА ПОДРШКА од страна на здружението во вид на директни трошоци на ангажираниот пензионер-помагач односно извршител на одредена активност. Учесници на проектот може да биде и група на „помагатели” со различни занаетчиски знаења.
Со овој хуман Проект уште еднаш ќе се потврди солидарноста на возрасните во секое здружение бидејќи факт е дека секој има потреба од некоја мала помош за која тој што ќе ја добие значи многу!
Се смета дека овој проект ќе заживее особено во оваа 2024 ГОДИНА КОЈА E ПРОГЛАСЕНА ЗА ГОДИНА НА ОГРАНОКОТ.
Пензионерите и воопшто возрасните животот ги научил дека луѓето треба да си помагаат секогаш во секоја прилика бидејќи само така може да се опстои, така впрочем опстоило и човештвото. Интересно е дека дури и растенијата и животните си помагаат. За тоа има многу интересни приказни.
Сега многумина се упатени на комшии, пријатели или познати, но секој не се пушта во својот дом. Ако „поправачот“ е од вашето здружение се’ е поинаку и попријатно. Затоа да се обидеме и уште еднаш преку овој Проект да ја покажеме нашата солидарност на дело.
|
|