ЗП Струмица
Данче Даскаловска, претседателка за пример
22.3.2024
- Почитувана Данче вие сте претседателка на Здружението на пензионери Струмица кое е формирано во далечната 1953 година, од група ентузијасти пензионери од Струмица, со име Општинско здружение на пензионери Струмица. Кажете ни кои се глави карактеристики на оваа здружение?
-Здружението на пензионери Струмица има околу11 985 членови, организирани во 27 ограноци, во нив членуваат пензионери од Струмица, Василево и Босилово.
На територијата на ЗП Струмица функционираат 17 клубови од кои по 3 во Општините Василево и Босилово и 11 во Струмица. Акти по кои работи Здружението на пензионерите Струмица: Статут, Деловник за работа на Собранието, Деловник за работа на Извршниот одбор, Правилник за еднократна парична помош и Годишна Програма за работа. Органи на ЗП Струмица: Собрание кое брои 61 член, Извршен одбор од 15 членови. Постојат следните комисии: Комисија за статутарни и правни работи, за материјална помош, за културно-забавен живот, за спорт и рекреација, во кои членуваат по 5 членови. Во здружението се формираат и работат и други повремени комисии. Здружението секоја година носи Финансиски план според Програмата за работа, Извештај и Завршна сметка за годината која изминува..
- Вашето здружение е особено познато по Пензионерскиот дом кој го поседува вашето здружение имот кој вие како претседател го надградивте и проширивте кажете ни нешто за ова со кое со право се гордеете.
- Во 1969 година тогашниот управен одбор на здружението на иницијатива на Марика Ѓорѓиева донесува одлука за изградба на Дом на пензионери во Струмица и истата година е ставен камен-темелникот на домот. Во октомври 1971 година Општинското здружение на пензионери Струмица добива новоизграден дом на улица Ленинова бр. 97 во Струмица. Во декември 1998 година со одлука на Собранието Општинското здружение на пензионери Струмица се преименува во Здружение на пензионери Струмица. Денес ЗП Струмица е сопственик на пензионерски дом кој содржи: работни простории, деловен простор од 385 метри квадрати и 10 гарсоњери во кои се сместени пензионери членови на здружението. Во 2021 година зградата за домување е целосно реновирана. При реновирањето изменета е водоводна, канализациска и електрична инсталација, комплетно внатрешно уредување на становите, заменет е покривот, изработена е нова фасада и уредено е дворното место. За оваа намена потрошени се 7.373.484 денари средства на здружението. Во првото тромесечие од 2022 година реновиран е клубот за дневен престој на пензионерите во село Дабиља. За оваа активност здружението обезбедило 1.012.100 сопствени средства.
- Со кои други активности ќе се пофали ЗП Струмица со кое вие раководите повеќегодишни?
- Колку години некој ќе е на чело на здружението не е битно ако здружението реди резултати и успеси. Од друга страна според мене малку е еден мандат за некои поголеми и посериозни потфати како што е изградба на дом. Што се однесувало други активност ЗП Струмица секоја година доделува парична помош во износ од 3.000 до 10.000 денари на болни пензионери и пензионери со ниски пензии. Здружението континуирано дава сугестии и предлози за актуелни прашања со невладини организации и други институции. Исто така настојува лекари специјалисти да држат предавања пред пензионерите. Предавањата се одржуваат во клубовите на пензионерите, по предлог на раководствата на ограноците. Во таа смисла постои координација на ограноците. Врз основа на потпишани спогодби за меѓусебна соработка со општините Струмица, Босилово и Василево и ЗП Струмица Здружението предлага и склучува спогодби за соработка од заеднички интерес. Учествуваме во активности организирани од СЗПМ како што се регионалните и републичките ревии на песни, музика и игри, на некои од нив било и успешен домаќин, како и на спортските натпревари и дава свој придонес во органите и телата на Сојузот.
ЗП Струмица соработува и со други здруженија, членки на СЗПМ, како и со институции поврзани со пензионерската популација како што се ОО на Црвениот крст и Центарот за социјални грижи. Здружението во соработка со Црвениот крст и други невладини асоцијации на локално ниво развива активности во повеќе сегменти, и тоа: вклучување на пензионери во разни проекти за помош на стари лица, посета на истите и друго. По повод верскиот празник „Тримери“ Здружението организира собир на кој учествуваат голем број пензионери од повеќе здруженија, членки на СЗПМ.
Комисијата за културно-забавен живот организира посети на манастири и други екскурзии по избор на пензионерите низ Македонија, како и надвор од државата. .
ЗП Струмица го информира своето членство преку печатот и регионалните телевизии и весникот „Пензионер плус“.
- Препознаена ли е вашата работа од пензионерите членови на здружението, Сојузот и општината Струмица?
- Да, и на тоа сум особено горда. Имам добиено многу признанија, дипломи плакети, а посебно ми е драга наградата што ја добив за животно дело од Општината Струмица минатата 2023 година. Се на се моите резултати докажуваат што се може да постигне една жена претседател на здружение, но и пошироко.
Претседател на здружението и на ИО е Данче Даскаловска, претседател на Собранието е Атанас Крстев, а администратор е Моме Лазаревски.