Инфо  

Галерии

Комисија за културно-забавен живот при СЗПМ

Учесници на 14. Републичка ревија на песни, музика и игри

23.5.2024

Организацискиот одбор при СЗПМ и на предлог на селекторот Томче Стојков, на проширена седница на Комисијата за културно-забавен живот при ИО на СЗПМ на која присуствуваа Претседателката на Сојузот Станка Трајкова, потпретседателот на ИО на СЗПМ Ментор Ќоку и секретарот Менка Темелковска ја донесе листата на здруженијата кои ќе земат учество на 14-тата републичка ревија на песни, музика и игри на 8 јуни 2024 година во Домот на АРМ во Скопје.

На 14-тата Републичката ревија на песни, музика и игри ќе настапат 26 здруженија на пензионери и тоа: 

  1. ЗП Центар - хор „Садила Јана“ и „Сношти минав, мила мамо“
  2. ЗП Кавадарци - пејачка група „Тиквешија плодна“
  3. ЗП Гостивар – соло-изведба „Запеј Македонијо“ и албанска група со песната „Суле бег“
  4. ЗП Охрид и Дебрца - сплет на ора „Деветорка“, „Чамчето“ и „Мешано старо оро“
  5. ЗП Крушево – пејачка група со влашка песна „Ми скулај уна тахина“
  6. ЗП Битола - пејачка група „Сирма Војвода“ со песната „Ајде да бегаме“
  7. ЗП Македонска Каменица - женско трио со песната „Ниша се ниша Неда“ заедно со орото „Копачка“
  8. ЗП Гевгелија - перформанс соло-песна „Софка на татко“
  9. ЗП Лозово – обичај „Замесок“
  10. ЗП Куманово - сплет на песна и оро „Сле се фана“
  11. ЗП Тетово – со песната „Кажи ми кажи облаче бело“, а албанска група ќе изведе албански свадбен обичај
  12. ЗП Лабуништа - поет-хуморист Шабан Адемоски
  13. ЗП Неготино – пејачка група со песната „Што си налутено либе“
  14. ЗП ОВР на РМ – фолклорна група со орото „Каламатија“ 
  15. ЗП Кочани – сплет од две ора „Арнаут“ и „Елено моме“
  16. ЗП Прилеп – пејачка група „Пилето ми пее рано на сабајле“
  17. ЗП Солидарност - Аеродром – фолклорна група со песната „Прстен ми падна мале“
  18. ЗП Берово – пејачка група со песната „Маго, Маго, вакло пиле“
  19. ЗП Демир Хисар – фолклорна група со орото „Касапско“
  20. ЗП Свети Николе – пејачка група со песната „Девојченце, девојченце љубиш ли ме“
  21. ЗП Бутел – пејачка група со песната „Јовано Јованке“
  22. ЗП Радовиш и Конче – сплет од две ора
  23. ЗП Кисела Вода – фолклорна група со орото „Пуштено оро“
  24. ЗП Ѓорче Петров – фолклорна група со сплет на „Ангелино моме“ и „Свекрвино оро“
  25. ЗП Гази Баба – пејачка група со песната „Нема друга Македонија“
  26. ЗП Шуто Оризари – сплет на ора.

 

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3