Оглас за финансиска поддршка за поттикнување издавачка дејност и творештво
18.6.2024На седницата одржана на 25.6.2024 година, ИО на СЗПМ донесе одлука за финансиска поддршка за поттикнување издавачка дејност и творештво, во согласност со Програмата и Финансискиот план за 2024 година на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија. Според Правилникот на Сојузот за оваа активност:
- На огласот можат да се јават поединци, групи и здруженија.
- Може да се конкурира за: издавање на книги, концерти, театарски претстави, изложби, литературни митинзи и друго.
- Пријавите се земаат во СЗПМ или можат да се симнат од веб-страницата на СЗПМ.
- Пријавите треба да се потпишани од претседателот на здружението.
- Може да се конкурира само за еден проект, а приоритет }е имаат автори и здруженија кои не добиле досега средства од Сојузот и дела и проекти со содржина поврзана со третата доба.
- Материјалите треба да бидат доставени во архивата на СЗПМ или по пошта на адреса:
Сојуз на здруженија на пензионери на Македонија
Булевар "Кочо Рацин" бр. 14, 1000 Скопје, П. Фах 440
"За огласот за поттикнување на издавачка дејност и творештво за 2024 година на СЗПМ".
Нема да бидат разгледувани пријави: доставени по истекот на рокот на Огласот, нецелосно пополнети и некомплетни пријави без приложена документација која задолжително се бара во пријавата. Материјалите доставени на Огласот не се враќаат.
Огласот трае од 1 до 20 јули 2024 година, а резултатите ќе бидат објавени во весникот "Пензионер плус" и на веб-страницата на СЗПМ.
ИО на СЗПМ