Инфо  

Галерии

„Вработување" на скопски пензионери во „Веро“ маркети

5.9.2024

На 23 август 2024 година се одржа работна средба меѓу Станка Трајкова, Претседател на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија и Бојана Василевска Николовска менаџер за човечки ресурси и Ангелинка Ефремова директор за продажба од компанијата „Веро“, за „вработување" на пензионери со цел подобрување материјалниот статус на корисниците на пензија.

„Вработувањето" на пензионерите ќе се одвива преку агенција за привремени вработувања, како ангажирани по договор на дело. Работното ангажирање на пензионерот ќе значи како дополнителни приходи покрај исплатата на редовната пензија, како остварено право.

Ваквата практика на „вработување" на пензионери постои и во други земји за подобрување материјалната состојба на пензионерите.

Условите ги утврдуваат договорните страни, независно од Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија. Оваа можност за „вработување" одговара најмногу на пензионерите со ниски примања. За оние пензионери кои се работоспособни и во добра здравствена состојба, компанијата „Веро“ овозможува и прима на работа пензионери, со што пензионерот по тој договор има 20 дена одмор, а неделно 40 часа работни, плус еден ден слободен во неделата. Заинтересираните потребно е да се јават на телефонот 075380332, или емајл адресата vasilevska.bojana@vero.com.mk.

Во интерес на пензионерите, компанијата „Веро“ треба целосно да ги информира пензионерите со цел, да донесат правилна одлука за нивното „вработување“.

Сојузот дава поддршка за „вработување" на пензионери од скопските здруженија во компанијата „Веро“, а треба да се има предвид дека во Скопје има околу 90 илјади пензионери.

За оваа активност, скопските здруженија на пензионери е потребно да ги информираат пензионерите преку ограноците на здружението, и на друг начин.

Напомена: Известувањето за “вработување” на пензионери во компанијата “Веро” достави по емајл на 30.8.2024 год. е првичен текст- иницијален кој се заменува со овој текст како конечен.

Претседател на Сојузот на здруженија на пензионери
Станка Трајкова

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3