Инфо  

Галерии

Продолжува соработката со болницата „Промедика Систина Офталмологија“

13.9.2024

На седницата на комисијата за здравство и рекреација при Извршниот одбор на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија која се одржа на 12 септември 2024 беа донесени следните

Заклучоци:

1. Продолжува соработката со болницата „Промедика Систина Офталмологија“ во давање на услуги на корисниците на пензија.

2. Со овие офталмолошки услуги, покрај пензионерите од Скопје, ќе бидат опфатени и пензионери од други градови со приоритет каде што нема специјалисти офталмолози. Оваа активност ќе се одвива со непосредна соработка на ЗП, односно Сојузот со болницата.

3. Прегледите за катаракта на пензионерите во болницата „Промедика – Систина Офталмологија“  се намалени за 30%. Додека операција на катаракта за пензионери со најниска пензија до 18000 денари е бесплатна. Во рамките на договорените консултантски услуги, офталмолошките прегледи, мерење очен притисок ќе се врши и понатаму.

4. Комисијата ги предлага за најдобри ограноците: „Центар“ при ЗП Куманово, „Трубарево“ при ЗП Гази Баба, „Гоце Делчев“ при ЗП Центар, „Стара Населба“ при ЗП Пробиштип, „Желино“ при ЗП Тетово.

5. Да се испрати повторно  писмо до Министерството за здравство и Фондот за здравство, со барање во проширената листа да се вклучат лекови кои СЗПМ до истите институции бараше да бидат вклучени во листата. Како и барање за зголемување на лимитот за ослободување од болничка партиципација на пензионерите од 18.000 на 22.000 денари.

 

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3