Инфо  

Галерии

Благодарница за Дончо Марков

24.10.2024 Дончо Марков e магистар по земјоделски науки. Тој е член на Собранието и на Извршниот одбор на здружението на пензионери на неговото матично здружение во Пробиштип. Неговата активност е препознаена и од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија и е избран за член на Собранието и на Извршниот одбор на Сојузот, каде активно придонесува за развојот на пензионерското оргаизирање и решавање на проблемите на луѓето од трета доба со свои предлози и сугестии. Неодамна м-р Дончо Марков доби Благодарница од Општина Рудозем Р Бугарија, за неговата улога во градење на добри односи меѓу градовите Пробиштип и Рудозем и жителите на овие градови, како и меѓу здруженијата на пензионери, за неговиот придонес во зацврстување на плодната соработка која ќе продолжи и во иднина во духот на пријателски односи.
Благодарницата во име на Општината и во негово лично име на м-р Дончо Марков му ја врачи градоначалникот на градот Рудозем, инж. Недко Кулевски.
Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3