Инфо  

Галерии

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ

Позитивната листа е проширена со девет нови лекови

30.10.2024

Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, како и други граѓански здруженија континуирано бараат да се прошири позитивната Листа на лекови со нови современи и поефикасни на товар на Фондот за здравствено осигурување.  Како резултат на тоа после цели 15 години позитивната листа е проширена со девет нови лекови.

Во Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување на РСМ (Сл. весник на РМ број 17/2015 и Сл. весник на РМ број 179/2023) со Одлука во Сл. весник на РМ број 174 од 21.8.2024 година додадени се девет нови лекови.  

Се  работи за девет генерици претставени преку 87 лекови во различни форми, јачини и пакувања што имаат активна регистрација во нашата држава, а меѓу нив опфатени се и лекови за висок притисок, срцеви заболувања, антиагреганси, лекови за третман на депресија, како и за деменција.

Конкретно, на товар на ФЗО на РСМ ќе бидат антикоагулансите Prasugrel и Ticagrelor, Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate, лекови против висок притисок и високи масти, како и Escitalopram, Memantine, Duloxetine, кои се антидепресиви и лекови за третирање деменција.

Околу еден милион евра е проценето влијанието врз буџетот на Фондот за здравство за овие лекови, на годишно ниво.

Меѓутоа голем број здруженија на граѓани-пациенти  меѓу кои и здруженија на пензионери, реагираат затоа што и ваквата проширена листа, нема да ги опфати сите пациенти. Посовремени лекови очекуваат и болните од канцер, чиј број секоја година се зголемува, како и пациентите со хемофилија, леукемија, дијабетес... Затоа Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија ќе ги реактивира своите досега испратени барања чии предлози не се прифатени.

 Министерот Таравари ветува дека ќе има проширување на секои три месеци, а одлука за изменување и дополнувања на листата за лекови кои паѓаат на товар на ФЗО на РСМ беше донесена и објавена во  Сл. весник бр. 199 од 26 септември 2024 година. Со оваа одлука лекот Valsartan го пропишува избран лекар во согласност со Упатство за практикување медицина заснована на докази за водење артериска хипертензија на ниво на примарна заштита. Одлуките влегуваат во сила со денот на објавување во Сл. весник.

Според министерот Таравари ново проширување ќе има по Нова година.

ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЛИСТАТА НА ЛЕКОВИ КОИ ПАЃААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

https://fzo.org.mk/lista-lekovi-tovar-fzorsm

Листа на лекови кои паѓаат на товар на ФЗОРСМ

Дежурни аптеки

Преглед на лекари кои работат во сабота

Дежурства во Скопје на Поликлиника Бит Пазар

Дежурства во Скопје на Поликлиника Драчево

Дежурства во Скопје на Поликлиника Ѓорче Петров

Дежурства во Скопје на Поликлиника Јане Сандански

Дежурства во Скопје на Поликлиника Ченто

Дежурства во Скопје на Поликлиника Идадија

Дежурства во Скопје на Поликлиника Чаир

 

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3