Инфо  

Галерии

Известување до Здруженијата на пензионери во Скопје

1.11.2024

Пензионери кои се чувствуваат работоспособни,  а  сакаат да работат, со цел да си го подобрат животниот стандард и да заработат дополнителни средства покрај пензијата, можат да склучат договор  на дело со домот за стари лица „Сончева куќа“  на ул.1 број 20 во Сопиште во Скопје.

Бидејќи Домот се наоѓа во Сопиште, пожелно е да бидат пензионери од Кисела Вода, Лисиче и Центар, но може и од другите општини.

Договорот на дело се склучува со Агенција за привремени вработувања, а ангажираните пензионери ќе бидат распоредени на најповолна локација за нив, определена од Домот.

Пријавувањето е на телефон:  078 204 287 или на адреса soncevakuka@gmail.com

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3