Состанок со директорот на „Национални шуми“ во СЗПМ
16.1.2025
На 14 јануари 2025 година, во просториите на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, на покана на претседателката на Сојузот Станка Трајкова, се одржа работна средба меѓу претседателите на одреден број на здруженија на пензионери и директорот на „Национални шуми“ Проф. д-р Здравко Трајанов и комерцијалниот директор Марјан Стојановски во врска со проблемите околу снабдувањето со огревно дрво, со цел нивно отстранување и пензионерите навремено да бидат снабдени.
На средбата претставниците информираа дека цената на огревното и тоа за бука изнесува 3.092 ден. со ДДВ, а за даб 3.192 денари со ДДВ, набавени од склад, плус обезбедување средства за превоз. Цената за превозот од „Македонски шуми“ во ист град е 400 денари, а ако е надвор од градот се формира друга цена и се додека за утовар плус 120 денари, а за растовар 90 денари. Исто така, директорот информираше дека Управниот одбор на „Македонски шуми” обезбедил намалување на цената односно право на „рабат” 2% за пензионерите.
Од страна на претседателката беше посебно потенцирано дека за да се намали цената за одобрениот рабат при склучување на договорите како важна поволност за пензионерите е и да се дава приоритет на пензионерите со благовремен дотур на дрвото до пензионерот, помош во изборот на друг превозник како и можност за комуникација во решавање на проблемите кои ќе се појават во процесот на набавка на огревното дрво.
Од оваа средба произлегоа следните заклучоци:
1. Одржаната работна средба се оценува како корисна и значајна, на која е постигната целта да се изнесат и договорат сите значајни прашања поврзани со огревното дрво за наредниот период.
2. Здруженијата на пензионери се во обврска да поднесат барање до дирекцијата на „Национални шуми“ во кое ќе информираат за количината на потребното огревно дрво за нивното здружение, кој податок е добро да биде објективен и реален. Рокот е до 20.1.2025 година, на E-mail адреси: trpe.misajlovski@mkdsumi.com.mk и
milica.josifovska@mkdsumi.com.mk
3. Врз основа на овие податоци комерцијалната служба конкретно ќе подготви договор и ќе го достави до подружницата и до здруженијата врз основа на барањето за потпис.
4. Договорите се унифицирани и се однесуваат идентично за сите здруженија на пензионери, а доколку од објективни причини здружението побара поголема количина, а реално според бројот на пензионерите потребите се помали, ова прашање да се решава со Анекс договор
5. Да се помогне на здруженијата на пензионери при избор на економски оператор од аспект на негова одговорност во извршување на активноста дотур на огревно дрво.
6. Да се даде приоритет во превозот и во дотурот на огревно дрво на пензионерите како огромна целна група на стари лица.
7. За сите прашања кои ќе се појават во процесот на обезбедување на огревно дрво овозможена е слободна комуникација со дирекцијата на „Национални шуми“ на телефоните:
- Костадинка Соколова тел. 070 410 094
- Милица Јосифовска тел. 075 756 310
Скопје, јануари 2025 година