Инфо  

Галерии

Појаснување за оние на кои не им е јасно

25.2.2025

1. Главен и одговорен уредник на весникот "Пензионер плус" е Калина Сливовска - Андонова, а уредник е Васил Пачемски, а не е Станка Трајкова. Тоа го пишува во импресумот на секој број на весникот.                  

2. Во весникот "Пензионер плус" број 196, никаде не пишува дека претседателката Станка Трајкова одлучила дека усогласуваwето на пензиите од 1 септември 2025 да биде процентуално. Ова усогласување на пензиите е утврдено со Законот за измена и дополнување на Законот за ПИО, објавен во Службен весник на РСМ бр. 193 од 18.9.2024 година.

3. Како работи Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија  објавено е на третата страница во весникот "Пензионер плус“ во број 196, каде што е објавен и записник од УЈП за извршената ревизија на барање на пензионерите кои не знаеја дека Сојузот работи според законите. Во записникот е наведено дека во работата на СЗПМ нема неправилности во изминатите 5 години. Овој извештај е постиран и на ВЕБ-страницата на Сојузот. Покрај тоа на работата на Сојузот се врши контрола од надворешен независен ревизор заради статусот на Сојузот од јавен интерес. Исто така, има написи и во 5 броеви на весникот "Пензионер плус“, каде се трошат парите од членарината и секој може да прочита.

4. Покачување на посмртната помош се одредува врз основа на анализи и факти според состојбите односно според бројот на нови пензионери и починати пензионери, врз база на податоци со кои располага Фондот на ПИОМ. Одборот на регистрираната организација за солидарен фонд и членарина, во која покрај членовите на СЗПМ членуваат и уште три членови од инвалидски сојузи на пензионери, ја одредува висината на посмртната помош.

5. Избор на органите и раководството на Сојузот се избираат на Собрание во кое членуваат претставници од 53 здруженија од сите градови во државата, членки на Сојузот, а не само од претставници на здруженија од Скопје.

6. Сојузот има отворена линија на која можат да се постават прашања и да се добијат одговори.  Досега вакви прашања не се поставени. Пензионери кои кажуваат дека некои работи не им се јасни, а покажуваат голем интерес за пензионерскиот активизам можат да се обратат во здруженијата во кои членуваат и да дадат свој придонес во подобрување на пензионерското организирање. Впрочем, тоа е и вистинската локација каде што треба да се поставуваат сите прашања, како и за екскурзиите и друго

 

СЗПМ

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3