Оглас за финансиска поддршка за поттикнување издавачка дејност и творештво
3.6.2025На 18 мај 2025 година во убавиот Охрид, согласно со Меморандумот за соработка потпишан минатат година во Белград, помеѓу Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ) и Сојузот на пензионерите на Србија (САПЕНС), се одржа заедничка работна седница на нивните извршни одбори. Според договорот, заедничката седница имаше два дела.
.jpg)
Работен дел
На почетокот на работниот дел на седницата на присутните од двата извршни одбора со топли пријателски зборови им посака добре дојде и им се обрати Претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, Станка Трајкова, која меѓу другото рече:
- Драги пријатели, со особено задоволство ве поздравувам и ви посакувам пријатно да се чувствувате во овој наш убав град, во Охрид, во кој верувам некој од вас првпат доаѓате. Соработката меѓу нашите сојузи, но и меѓу некои наши здруженија датира од поодамна, но во последно време таа се интензивира и станува посодржајна. Како резултат на тоа е и оваа заедничка седница на нашите извршни одбори.
Нашите сојузи имаат доста слична организациона поставеност, како и традиционални и актуелни дејности, но сепак постојат и различности воактивностите и во искуствата. За одбележување е што сите активности самостојно ги финансираме, без помош на државата, но факт е дека државата партиципира со финансиски средства кои недостасуваат во Фондот на ПИОМ за исплата на пензиите. Би имало уште многу да се кажува но тоа во некоја друга прилика.
По нејзиното излагање со основните карактеристики и активности на Сојузот на пензионерите на Србија, присутните ги запозна проф. д-р Андреа Савиќ кој рече:
- Најнапред го изразувам нашето задоволство што сме овде на оваа заедничка седница на нашите извршни одбори. Ваква соработка мислам дека нема меѓу други сојузи во нашето опкружување. Алијансата е доброволно, невладино, непартиско, непрофитно и општествено-хуманитарно здружение, засновано на слободата на здружување на репрезентативни општински, градски и покраински пензионерски здруженија, како и други здруженија, организации чии цели и задачи се компатибилни со целите и задачите на Алијансата, заради остварување заеднички интерес и цели. Основата на институционалната мрежа САПЕНС е доследна примена на критериумите за административно-територијална поделба на Република Србија на локални самоуправи во рамките на 24 области, градот Белград и покраините Војводина и Косово и Метохија. Нејзината институционална мрежа ја сочинуваат 169 здруженија - репрезентативни на ниво на општини и градови, како и посложени организации кои ги координираат активностите на здруженијата на територијална основа (белградската градска организација и покраинските здруженија).
По нивните излагања беа поставувани прашања во врска со здравствената заштита, организацијата, состојбата и начинот на сместување на пензионерите и друго. На крајот од работниот дел на седницата беа донесени и усвоени следните
Констатации и заклучоци
- СЗПМ и САПЕНС констатираа дека одржаната заедничка седница на Извршните одбори на двата Сојузи на 18 мај 2025 година е позитивна активност во реализација на меморандумот склучен меѓу двата Сојузи.
- На заедничката седница се говореше за актуелните состојби во работењето на двата Сојузи и заложбите во подобрување на материјалниот статус на пензионерите како и спроведување на активности за активно трето доба на пензионерите.
- На седницата се заклучи да се подржи и следи соработката на ЗП членки на Сојузите во негување на фолклорот и спортот и други меѓусебни активности со достоинствено претставување на возрасната пензионерска популација.
- По оцена на двата Сојузи може да се одржи и следна седница на ИО на Сојузите со поддршка на соработката на СЗПМ и САПЕНС, но и проширување на соработката и со Сојузите од други држави.
Втор дел: запознавање со културните знаменитости на нашата земја
По работниот дел од заедничката седница, членовите на двата извршни одбора, го посетија надалеку познатиот манастир Свети Наум и се дружеа до попладневните часови. И на ова дружење се разменија искуства и мислења и се создадоа и лични контакти и пријателства кои во иднина ќе ја збогатат соработката на повеќе нивоа.
На покана на Претседателката Трајкова, на 19 мај 2025 година членовите на Извршниот одбор на Сојузот на пензионерите на Србија на заминување за Белград, го посетија Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија во Скопје.
Калина С. Aндонова