Инфо  

Галерии

Состанок со претседатели и претставници на скопските здруженија во врска со проектот "The Age-Friendly Balkan Countries Network“

5.7.2025

На 27 јуни 2025 година се одржа состанок со претседатели и претставници на скопските здруженија во врска со  Поканата  до Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија односно до скопските здруженија на пензионери да учествуваат во Меѓународен проект за условите на живот на пензионерите во градот Скопје, од страна на Проф. др. Даниел Павловски  регионален координатор за Македонија, Србија, Албанија, Хрватска, Босна и Хецеговина, Словенија и Бугарија, во проектот "The Age-Friendly Balkan Countries Network“

На состанокот присуствуваа здруженијата: Центар, Ѓорче Петров, Сарај, Тафталиџе, ОВР, Кисела Вода, Бутрл, Чаир, и Шуто Оризари, а не присуствуваа Карпош, Гази Баба и Воени пензионери. На почетокот Претседателката Станка Трајкова ги поздрави присутните и ја потенцираше значењето и важноста на овој проект за Сојузот, за здруженијата и за подобрување на животот на пензионерите.

Потоа Проф. др. Даниел Павловски  регионален координатор за Македонија, Србија, Албанија, Хрватска, Босна и Хецеговина, Словенија и Бугарија, во проектот "The Age-Friendly Balkan Countries Network“ им се претстави на присутните и рече:

- Овој меѓународен проект има за цел да се добијат валидни податоци за животот на пензионерите на возраст од над 60 години кои живеат во скопските општини, но и во главните градови на држави кои се вмрежени во овој проект.

Проектот претставува научно истражување со цел да се добијат податоци за животот на пензионерите во осум домени: здравство, инклузија на возрасните во општеството, услови за живот...

СЗПМ и неговите скопски здруженија на пензионери се одбрани да учествуваат во Проектот како најсериозен и респектабилен фактор во државата со околу 300 илјади пензионери, а со кој вo 2024 година беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Универзитетот за применети науки во Хаг, Холандија, кои заеднички работат на испитување на ставовите на старите лица за нивниот живот, со цел да се добијат сознанија дали животот во градот Скопје е приспособен на потребите на лицата на возраст од над 60 години.

За реализација на Проектот "The Age-Friendly Balkan Countries Network“ ќе бидат подготвени анкетни прашалници на македонски и албански јазик кои ќе бидат готови до 3 (четврток) јуни 2025 година, а здруженијата ќе можат да ги подигнат во просториите на СЗПМ.

Претседателите на ЗП или одредени лица како нивни заменици во Проектот имаат задача да ја организираат и контролираат работата на избраните анкетари, но можат и тие самите да бидат анкетари.

Од 15-20 август 2025 година здруженијата треба да одредат свои анкетари. Анкетарите треба да бидат квалитетни лица;

Од 20-25 август 2025 година ќе се изврши едукација на одбраните анкетари. За дообјаснување на анкетните прашалници Проф. др. Даниел Павловски  им нуди целосна поддршка лично и по телефон: 071 355 453;

Од 25 август до 05 септември 2025 година ќе се реализира пополнување на анкетните прашалници.

Треба да бидат пополнети вкупно 1004 анкетните прашалници според однапред изготвен распоред на испитаници по скопските општини со ориентациони бројки по националност на пензионерите кои живеат во Скопје. 

Анкетарите треба да опфатат што поширока територија.

Треба да се анкетираат пензионери од двата пола (околу 50/50).

Пополнетите анкетни прашалници ќе се предаваат во просториите на СЗПМ до 5 септември 2025 година.

Состанокот заврши со констатација дека сите ќе се трудат довербата што им е дадена да ја оправдаат во интерес на сите.

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3