Инфо  

Галерии

Претседател кој сите го бараат

27.6.2013

ИНТЕРВЈУ СО ПОВОД
Со ДРАГИ АРГИРОВСКИ, претседател на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија

Драги Аргировски е роден во Куманово во 1939 година, каде што завршува основно училишите и гимназија, потоа Новинарска школа во Белград и дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Цел работен век – новинар, публицист, општественик... Сопруг, татко и дедо...  

Сенека му напиша на Луцилије: „Во овој човек што е пред тебе, некогаш беше млад витез подготвен за големи дела... Затоа не го одминувај, денес во него има многу мудрост што ќе ти биде од корист“. А, кај нас за жал, распространето е мислењето дека „пензионерот никој не го бара, ниту некому му треба“, што воопшто не е така и не треба да биде така... Скоро час и половина, време колку што поминавме во разговор во неговиот кабинет, на 4 јуни, пред почетокот на Републичката пензионерска ревија на песни, музика и игри 2013, во организација на СЗПМ, а под покровителство на министерката за култура др. Елизабета Канческа – Милевска и градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски,  мобилниот и фиксниот телефон не престанаа да звонат. Претседателот  го бараа луѓе од сите возрасти и од сите професии. Затоа, првиот впечаток е дека овој човек иако возрасен и познат го красат многу нешта. Во него, непретенциозно ќе ја откриете ерудицијата која извира од него во секоја реченица, мирољубивиот карактер, силната продорна мисла, благоста на зборот, подготвеноста за дијалог, промисленоста во работата  и посветеноста на задачите... Не случајно, од душа, во еден момент на искреност, Илија Адамоски делегат на СЗПМ од Прилеп рече: „Не случајно, од душа, во еден момент на искреност, Илија Адамоски делегат од Прилеп рече: „...Кога станува збор за ликот на претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија Драги Аргировски,  и неговиот домаќински однос кон трошењето на сретствата, тој со право го заслужува епитетот  „BONUS PATER FAMILIA (ДОБАР ТАТКО, ДОМАЌИН)“.
За Аргировски (1939) не можеш веднаш да се определиш дали е поголем и поуспешен новинар со илјадници вести, записи, коментари, хроники, публицист со 18 книги кои обработуваат интересни и актуелни теми, или истакнат општественик, основоположник на Македонската телевизија и автор на првиот телевизиски прилог на македонски јазик во 1961 година, или брилијантен преговарач кој знае од невозможни ситуации да направи поволности  за 250–те илјади пензионери во државата на чије чело е како нивен претседател. И тој и таквиот Драги Аргировски, од европскиот институт „Хеврека“ прогласен е за експерт за третото животно доба единствен во нашата држава, а од редакцијата и читателите на „Нова Македонија“ за неговиот голем придонес и за афирмација на Република Македонија, прогласен е и за „Личност на годината 2012“. Со овој човек. Со големо „Ч“ на почетокот на јуни го водевме овој разговор:

КОЈ ИЗГУБИ НАЈМНОГУ ВО ТРАНЗИЦИЈАТА?
СТЕЧАЈЦИТЕ И ПЕНЗИОНЕРИТЕ

ДИСКУСИИТЕ СО ПРЕМИЕРОТ СЕ АРГУМЕНТИ А НЕ НАКЛОНОСТ... ЈАС ГИ СТАВАМ АРГУМЕНТИТЕ НА МАСА, ПРЕМИЕРОТ ИЛИ ГИ ПРИФАЌА ИЛИ ГИ НАДОПОЛНУВА. ПРОБЛЕМИТЕ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ СЕ ДРЖАВНА ГРИЖА ЗА ЧИЈА ПРОБЛЕМАТИКА СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЕДЕН МИЛИОН ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА...

Неспорно е, господине претседателе, дека Вие сте непресушен извор на идеи и иницијативи. Покрај другото, Вие го покренавте излегувањето и на првиот весник за сегашните и идните пензионери „Пензионер плус“, во време кога сеуште не бевте претседател. Кажете ни нешто за тоа.
Штом ќе се спомне информирањето, па макар тоа било и за генералите или за пензионерите, во мене се будат највозвишени чувства, а особено кога станува збор за информирањето на пензионерите, тоа е уште посилно бидејќи е многу потребно. Факт е дека, ако нема информирање ќе има шпекулации. Со повеќе знаење за состојбите, за се што се случува околу пензионерите и за пензионерите, тие стануваат сила која заслужува респект. Замислете како би било 288.000 пензионери во Република Македонија да немаат свој извор за иформирање и афирмирање на нивните заложби, активности и резултати...
Кога во 2001 година се пензионирав како помошник генерален директор на МРТВ за програмски прашања, почувствував дека пензионерската популација е во информативен мрак и во договор со раководството на Сојузот покренав прилог како додаток во „Нова Македонија“ за пензионерите наречен „Пензионерски видици“. Тоа беше нужно, и ние го реализиравме. Подоцна дојде весникот „Пензионер плус“ со кој информирањето на пензионерите и на јавноста за нив стана побогато и посодржајно.
• Во весникот Вие откивавте многу непознати проблематики интересни за пензионерите?
Тоа што сте го забележале, ќе го поткрепам и со конкретни примери. Да така е. На пример: Кој изгуби најмногу во транзицијата?  Стечајците и пензионерите! Соодносот меѓу платата и пензијата во 1992 година беше на 100 посто плата,  74 отсто пензија. Тоа беше многу исправен однос. Пред 4 години, дојдовме во ситуација нашиот нов пензионер да добива само 50 отсто од платата, или 27 отсто намалување на стандардот. Ете го данокот на транзицијата што го платија возрасните луѓе. Во „златното време“ сите пензионери имаа бесплатно лекување и бесплатни лекови. Да не зборувам и за други погодности. Пред 30 години тие се пензионерски домови што се изградија, после тоа, во време на транзицијата, не се изгради ниту еден нов дом. Последниот дом е изграден пред 26 години во Скопје. За ова опстојно се осврнав и во мојата публицистичка книга„ Пензиоинерска сага“, како и во „Во виорот на третото доба“, во „Моето име е пензионер“ и во последната што излезе при крајот на минатата година„ Наши пензионерски времиња“ За воља на вистината, од ден на ден работите се менуваат и расте рејтингот на пензионерите.
• Господине претседателе, Вие имате добра и коректно изградена релација со Владата. Дали ова му го кажувате на премиерот и каков е односот на Премиерот и Владата кон оваа популација?
Да секако. Тоа што јас и мојот тим го кажуваме  и го дискутираме со Премиерот и министрите се аргументи кои ги ставам на маса и тие ги прифаќаат. Јавноста знае, ние сме рамноправни учесници во изготвувањето на годишните проекти на Владата. Ние изнесуваме факти и доста често и неодложно бараме на оваа категорија луѓе да им се помогне. Владата има слух и не дозволува помошта да изостане, барем засега, уште повеќе затоа што јас постојано нагласувам, дека решавањето на пензионерските проблеми не треба да зависи од партиската припадност. Проблемите на пензионерите се државна грижа, затоа што за оваа проблематика се заинтересирани еден милион луѓе од повеќе генерации во Република Македонија.
Text Box: “...И најдобрите идеи нема да се реализираат, ако секој¬дневно за нив не се борите. Да се биде активен е битно во се¬кое доба од животот, но ак¬тив¬но  и здра-во да се старее значи да се има визија и цел и да се чувствуваш потребен, корисен за себе, но и за општеството“.   Ова е пораката што Арги¬ров¬-ски ја испраќа од сите не¬го¬ви книжевни дела, есеи, колум¬ни, анализи, осврти, интервјуа, како што тоа го прави римока¬толич-киот првенец - папата „од градот Рим, кон целиот свет“. Доајенот на македонскиот жур¬нализам и публицистика, голе¬ми¬от профе-си¬о¬налец Драги Ар¬гировски ос-та¬ва трајна светли¬на  и траги за едно време на мно¬гу бурни нас-тани и случува¬ња кои се дел од историјата на Република Маке-до¬нија, а со сво¬јот творечки дострел во де¬цениската актив-ност во пензио¬нерската органи-за¬ција воведе и нов европски пристап во деј¬ствувањето на Со-јузот на здру¬женијата на пен-зионерите¬ на Македонија, со што видливо ја оснажи пос¬тоја-ната борба на пензионерската популација за достоинствена старост, а СЗПМ како најма¬сов-на и најактивна невладина орга-низација стана симбол на меѓу-етнички соживот и толеран¬т-ност.    • Како повеќе генерации, и зошто?
Над 300.000 пензионери и стари луѓе, уште 300.000 млади луѓе без работа, ученици, студенти, плус 300.000 од најмладиот подмладок, значи вкупно околу 1.000.000 луѓе кои се издржуваат од какви такви пензии. Пензионерите на многу начини им помагаат на своите најблиски, и тоа не само финансиски. 
• Претседателе, во последно време се почесто во јавноста се шпекулира дека во Република Македонија има пензии и од над 1.000 евра. Многумина предлагаат „унифицирање“ на пензиите?
Ете зошто ни е неопходно потребно информирањето. Гласините се штетни. Тие доаѓаат од недобронамерни луѓе, со однапред пресметана тенденција. Но, ние тоа успешно го елиминираме со факти и со вистината за состојбите. Денеска бев на ТВ Канал 5, и добивав таткви прашања, но тие луѓе се инструирани, некој им ги плаќа за нив скапите телефонски повици, само и само да внесуваат конфузија. Тоа се луѓе кои не и сакаат добро на Македонија. Затоа се залагав за благовремено и точно информирање на пензионерите и на пошироката јавност. Подготвив проект и го реализирав. Станува збор за нашето многу читано гласило „Пензионер плус“, како и за прилогот „Пензионерски видици“ во весникот „Нова Македонија“ и за страницата за пензионери во весникот на албански јазик „КОХА“. Тука се и моите настапи во печатените и електронските медиуми. Категорички Ви тврдам, дека тоа што се зборува за големите пензии, воопшто не е точно, а истото може секој да го провери во Фондот на ПИОМ. Во Република Македонија најголемата пензија изнесува околу 35.000 денари.
• Има ли некаква тајна за Вашата кооперативност со обичниот човек, колегите, луѓето од Власта, граѓаните, пензионерите, па дури и младите?
Тајна нема, има само убав, човечки, искрен и добронамерен однос... Особено, контактот со пензионерите е многу битен. Кога станува збор за пензионерите, на овој план имаме еден сериозен проблем што сакаме да го решиме со Закон за пензионерско организирање во Р. Македонија. Ние како старосни и семејни пензионери сме добро организирани во здруженија во кои мошне плодотворно работат собранија, комисии, клубови... Но, во Р. Македонија има три  сојузи на инвалидски пензионери, кои вкупно бројат околу 35.000 членови, сите заедно  Тоа, прво се многу сојузи за толкав број на членови. Второ тие три сојузи немаат меѓусебна релација, па се случува да не бараат нас да арбитрираме во решавање на нивните проблеми. Наше и мое  согледување е, затоа што на оваа проблематика доста работам, сите три сојузи да се интегрираат во еден сојуз на корисници на инвалидска пензија. Тогаш нашиот Сојуз на старосни и семејни пензионери со нив сериозно и одговорно ќе соработува. И што е најважно тогаш дури можеме да направиме и конфедерација која би помогнала и тие да учествуваат во наши активности, бидејќи нивната структура, па и составот не се со таков организационен и структурен капацитет каков што го имаме ние, за да можат да организираат Републички ревии на песни, музика и игри, Републичка спортска олимпијада и тн. Расцепканоста ги прави такви какви што се, неделотворни, само со себе задоволни... А, за тоа има и „причини“ речиси никој досега не дошол кај нив да ги праша што работат, како работат...
• Убаво ли  е да се биде пензионер?
Многу чесно и многу гордо, иако за ова второто се мисли дека пензионерот „својата гордост и ја оставил на младоста“. Јас во мојата прва книга „Неговото височество – пензионерот“ го истакнувам токму тоа, големиот габарит на човекот пензионер кој додека стасал да ги ужива плодовите на својот труд, знаења и вештини, поминал низ многубројни искушенија, радосни и тажни, учел и творел... Тоа во светот многу се цени, бидејќи таму е мудроста, искуството. За жал, кај нас тоа се „прескокнува“, но пак ќе повторам работите се менуваат, можеби споро, но сепак се менуваат..
• Кога Ви се обраќаат младите, Вепрашуваат „зошто претседателе инсистирате на толку многу нови вработувања?“ Навистина зошто?
Од едноставна причина. Секое ново вработување е уште едно добро за  пензионерот, покрај тоа што му останува делот што го давал за издршка на синот или внукот, младиот нововработен создава мир во куќата, носи пари за себе и вложува нови средства во Фондот на пензионерите.
• Ако ми дозволите, едно малку индискретно прашање: за Аргировски велат дека е вешт преговарач со секоја власт. На што се должи тоа, на благиот збор, на умниот приод или на аргументот?
Ова последното... Многу луѓе се слаткоречиви и со мудри настапи, но ништо тоа не помага  ако во било кои преговори и со било кои преговарачи немаш аргументи. Јас покрај се сум и трпелив човек, а сакам и конструктивен дијалог... Иако можеби ова ќе прозвучи како фалење, сето ова ќе го поткрепам и ќе изнесам само неколку постигнувања што македонските пензионери ги реализираа одкога сум јас на чело на Сојузот: после 10 година, ние имаме член на Управниот одбор на Фондот на ПИОМ, а таму се решаваат многу големи проблеми за нас пензионерите.. Таму не може кој сака да влезе. Се изборив постапката да се оствари со Закон; после 25 години присутни сме и во Социјално економскиот совет во Владата на Република Македонија, каде што нашиот збор, нашиот предлог подржан со аргумент безрезервно се прифаќа. И не само тоа, нашите Ревии на песни, музика и игри годинава се прогласени за национален интерес на културата на државата. Признание што заслужува почит.
• Имате добра релација со Премиерот, господинот Никола Груевски. Можете ли да опишете една средба, како се однесува со Вас, а преку Вас и со пензионерите?
Text Box: АРГИРОВСКИ Е ВЕШТ  ПРЕГОВАРАЧ СО СЕКОЈА   ВЛАСТ, ДАЛИ Е ТОА ЗАСЛУГА   НА НЕГОВИОТ БЛАГ ЗБОР,   УМЕН ПРИОД ИЛИ НА СИЛАТА   НА АРГУМЕНТОТ  Премиерот Груевски е човек со став и квалитети што не треба јас да ги истакнувам. Кон нас односот му е сериозен и исполнителен. Никогаш на неколкуте средби со мене и со мојот тим, не дошол неподготвен.  Располага  со многу информации... Ќе ви го кажам и ова: прв пат во транзициска Република Македонија, еден премиер не удостои и дојде кај нас, овде во овој мал кабинет, да разговара со нас за нашите проблеми и видувања. Тоа не смее да остане незабележано, не заради Премиерот Груевски, туку заради премиерската обврска што ја имале и ќе ја имаат и идните премиери. И уште нешто, секогаш кога имаме потреба за разговор, никогаш не сме биле одбиени. Го замоливме да биде покровител на спортските олимписки пензионерски натпревари на кои учествуваа преку 1.150 пензионери во 2012 година. Премиерот веднаш и со задоволство прифати, и тоа нам ни направи голема чест, затоа што тоа беше доказ дека не почитува. Тој ден беше величенствен за пензионерите за Скопје, за Македонија. На спорт
ските олимписки пензионерски натпревари тој разговараше со пензионерите. Секој сакаше да се поздрави со него, но и да му ги каже своите маки, но и оцени за неговата работа. Така беше и со тогашниот министер за труд и социјална политика Спиро Ристевски, со кого воспоставивме извонредна соработка. Тоа го очекуваме и од неговиот наследник, министерот Диме Спасов, да ги продолжиме започнатите иницијативи и заеднички да иницираме  нови.

Text Box: ЌЕ ВИ ГО КАЖАМ И ОВА... ПРВ ПАТ ВО   ТРАНЗИЦИСКА МАКЕДОНИЈА ПРЕМИЕР НЕ   УДОСТОИ И ДОЈДЕ КАЈ НАС, ОВДЕ ВО ОВОЈ   МАЛ КАБИНЕТ ДА РАЗГОВАРА СО НАС ЗА   НАШИТЕ ПРОБЛЕМИ И ВИДУВАЊА...

• За пензиите?
Во сето соседство на Република Македонија, пензиите се намалуват, само кај нас се изборивме да се зголемуваат. После повеќе години, нашиот пензионер осети благодет. Се изборивме 10.000 пензионери да имаат бесплатна бањска рекреација, со што имаат бенефит нашите членови, но и бањскиот туризам кој доживуваше паѓање. Трето, во договор со Владата се донесе одлука, 120.000 пензионери што имаат пониска пензија од просечната (10.650 денари), од 2013 година, да имаат бесплатно болничко лекување. А, знаете ли што значи тоа за овој број на пензионери, за оваа категоријата која не е во состојба да ги плаќа болничките трошоци? Тоа е навистина за почит и благодарност.
• Одлично, но дали имате увид колку тоа се остварува во праксата?
Нема што да контролираме. Тоа е Закон, а секое прекршување на законот е подложно на казни. Ние имаме доверба во македонското здравство, во секоја амбуланта, болница, клиника... Од нова година ќе бараме оваа привилегија да ја имаат пензионери со пензија до 15.000 денари, што значи автоматски бројот ќе се зголеми за уште 60.000 пензионери. Исто така, бараме сите стари луѓе, ги има околу 50.000, без разлика дали се пензионери или не, а се над 70 години, и тие да имаат безплатно болничко лекување и бесплатни лекарства. Тоа е нашата нова иницијатива и ќе настојуваме да се оствари. Сепак, при сите наши барања, имаме во предвид и што се случува на економскостопански план во нашата држава и светот.
• Драги Аргировски, очигледно не е сам. Има тим. Кои луѓе го сочинуваат Вашиот тим, и кои здруженија ги сметате за најдобри, најактивни?
Text Box: НАГРАДИ   Во историјата на македонското но-ви¬нар¬ство, Драги Аргировски ќе вле-зе како еден од ретко успешните но-ви¬нари, коментатори, уредници и ди-ре¬к¬¬тори, како добитник на најмногу на¬гради. Добитник е на Ноември¬с¬ка-та на¬града од областа на публи¬исти¬-ката на Куманово во 1971 година, на повеќе годишни награди на својата матична куќа МТВ и МРТ, на прес-тиж¬ната награда на ЗНМ „Крсте Ми-сир¬ков“ во 1977 година, наградата „Златна плакета“ од СРВСМ во два наврати 1980 и 2002 година, потоа Ме¬дал за воени заслуги во 1975 го-дина, Орден на Републиката со брон¬зени зраци во 1980 година, награда „Златно перо на хуманоста“ во 2001 година, признание „Мајка Тереза“ во 2006 година и голем број благо¬дар¬ници и пофалници.  Ќе почнам со Собранието кое едногласно ме избра за претседател, потоа Извршниот одбор составен од 19 членови со кои можете да формирате и Влада. Потпретседател на Собранието на СЗПМ е Бесник Поцеста, истакнат активист од Дебар. Потпретседател на ИО на СЗПМ е Методија Тошевски, магистер по економија, бивш министер по финансии, а секретар на ИО е Станка Трајкова некогашен помошник директор на Фондот, правник со богато искуство во пензиско инвалидската проблематика. Членови на Извршниот одбор се Стево Бојаџиев, мр Илија Адамоски, Ѓорѓи Серафимов, Георге Андонов, Надежда Давчева, Руфат Рамадани, Данче Даскаловска, Душан Ристески, Александар Захариев, Зоре Мицкоски, Доне Тодоровски, Шабан Сабриу, Рамиз Ќазимовски, Јован Евтимов, Спиро Николовски, Адем Осмафари и Стојан Настевски. Работиме синхроно. Со голема меѓусебна почит и доверба. Тоа се однесува и за работните тела на Собранието и на Извршниот одбор кои се многу активни. Претседател на Правноекономскиот форум е Стамен Филипов, на Надзорниот одбор мр Доне Николовски, на Комисијата за здравство и социјална политика др Стојанче Стефановски, на Комисијата за културнозабавен живот Милевка Здравковска, на Комисијата за спорт и рекреација Здравко Петковски,  на Статутана комисија Миодраг Ристевски и на Комисијата за информирање и издавачка дејност Калина Сливовска Андонова. А, што се однесува до здруженијата имаме 56 од кои триесетина се многу јаки, десетина средно активни и само неколку не се вклопуваат во новата динамика и во евроипските стандарди на делување.
Сето ова покажува дека Вие Аргировски, со активностите што ги реализирате, како и со присуството во животот на државата, ги „воскреснавте“ пензионерите, им дадовте полет и им изборивте место што им припаѓа. Така ли е?
Сосема сте во право. Ви честитам на Вашата објективна констатација. Јас се радувам заради сето тоа. Ние доживуваме преобразба. Луѓето се препознаваат и осознаваат дека со пензионирањето, животот не им завршил, туку дека имаат уште многу што да дадат, а за возврат многу малку бараат: достоинствен живот и почит и внимание.... Ние со Владата договоривме, ако се разбира, во прилог на тоа одат економските услови, идната година вонредно да се зголемат пензиите за 7,5 отсто, а во 2015 за 10 отсто. Ова ќе придонесе односот платапензија да се приближи на околу 60 отсто, што е добро бидејќи според Европската унија се што е под овој процент води кон сиромаштија. 
• Почитуван претседателе, Вие сте човек од постојана акција,  Вие како да не стареете?
Немам време. Работам многу. Моја најважна особина е смиреноста и концентрацијата. Не сакам викотници, а штом работам, морам да бидам концентриран, мислите да не влезат во бркотница и да не си сметаат едни на други.
  Се обидуваме и таков вид на соработка да воспоставиме. Имаме донации. Ние заедничкиот јазик со бизнисот го наоѓаме во соработката. Многу добро стоиме со локалните самоуправи во државата. Имаме изградено и формирано околу 400 клубови за пензионерите во Македонија. Во нивното опремување секако учествуваа и фирми и институции. Дневно во тие клубови весници читаат, домино и шах играат, десетици илјади пензионери... Или ако сакате, годишно анимираме 300.000 пензионери на спортски и културноуметнички манифестации, на пикник средби, посета на Скопје и на излетнички места, на театарски претстави и на културно историски споменици, а има и излети во странски држави. Верувајте, според нормите на Европа, тоа е европски рекорд!

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3