Инфо  

Галерии

Објавени јавните повици за бесплатна бањско-климатска рекреација и бесплатен викенд за пензионерите за 2016

15.9.2015

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов заедно со претседателот на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија Драги Аргировски ги посети пензионерите кои преку проектот на Министерството престојуваат на бесплатен викенд во Охрид.

При посетата министерот Спасов соопшти дека на 5. септември 2015 е објавен повикот за бесплатен туристички викенд за наредната 2016 година. Тој исто така истакна, дека оваа година преку овој проект три илјади пензионери веќе ја користат услугата бесплатен викенд. Станува збор за дел од Програмата на Владата, за чија реализација оваа година беа издвоени околу 12 милиони денари.

- Продолжуваме со резлизација на проектите што се од интерес на пензионерите бидејќи се покажа дека тие се задоволни од нивната повеќе кратна корисност. За 2016 година предност ќе имаат оние пензионери што се со пониски примања, лица со телесен инвалидитет, како и рударите кои работеле во подземни ископи. За реализација на проектот од буџетот за 2016 година се издвоени околу два милиони денари. На 4. септември 2015 година беше објавен и јавниот повик за бесплатна бањско-климатска рекреација за 5.500 пензионери, така што заедно со повикот за  бесплатен викенд, вкупно 8.500 пензионирани лица во наредната година ќе можат бесплатно да одмараат, да се дружат и да се рекреираат  во некои од домашните туристички и бањски центри, - истакна министерот Спасов.

Тој ги повика сите заинтересирани пензионери да аплицираат за понудените погодности, при тоа потенцирајќи дека Владата и во наредниот период ќе продолжи со грижата за највозрасната категорија граѓани, преку реализација на слични проекти насочени кон подобрување на нивното секојдневие.

Претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија Драги Аргировски на средбата со пензионерите истакна дека интересот е голем кај оваа категорија граѓани за користење на поволностите што ги нуди Владата и ресорното Министерство. Причина за тоа се бенефитите кои ги нудат овие проекти за здравјето на пензионерите, како и за развивање на рекреативниот и бањскиот турузам во земјата.

-Минатата година речиси дваесет илјади пензионери аплицираа за користење на бесплатен туристички викенд, додека услугата за бесплатна бањско-климатска рекреација досега ја искористиле над 32 илјади пензионери. Тоа се непобитни факти за успешноста на овие два проекти, - рече Аргировски.

Пријавувањето е до 30 септември 2015 година.

K.С.

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3