Инфо  

Галерии

ЗП Охрид и Дебрца

На повидок соработка со ЗП Костур, Грција

24.5.2017

Делегација на ЗП Охрид и Дебрца, деновиве беше во посета на ЗП Костур од Република Грција.
Во делегацијата беа претседателот на Собранието д-р Димитар Спасески, претседателот на ИО Ѓорѓи Трпчески и секретарот Стефан Владимиров. Делегацијата на ЗП Охрид и Дебрца оствари средба со претседателот на ЗП Костур Теодорос Миларос и Елени Мелиду. ЗП Костур опфаќа  11 населени места и делува во рамките на општината Костур во Секторот  за невладини организации на кој одговорна е Марија Папаниколау. Здружението се финансира со свои средства, но добива дел и од општината Костур.

Претставниците на ЗП Охрид и Дебрца ги запознаа колегите од ЗП Костур со организационата поставеност, структурата на органите и телата, начинот на финансирање, пензиските примања, животниот стандард, здравствената и социјална заштита, активностите на здружението на културно и спортско поле, како и соработката со здруженија од соседните држави.

Средбата меѓу пензионерите на Костур и Охрид и Дебрца, е прва официјална средба  со пензионери од Грција и Македонија во рамките на СЗПМ. Целта на оваа прва прелиминарна средба е воспоставување на пријателски односи, соработка, размена на искуства и збогатување на добрососедски односи во регионот и пошироко, која е во рамките на Европската Унија, како една од основните заложби за воспоставување на меѓудржавни односи. На средбата е договорено и потпишување на Спогодба за соработка меѓу  ЗП Костур и ЗП Охрид и Дебрца. Чинот на потпишување на Спогодбата ќе биде во Охрид на свечената манифестација по повод 20 јуни - Денот на ЗП Охрид и Дебрца која ќе се одржи на први јули 2017 година. При возвратната посета во Охрид, покрај потпишувањето на Спогодбата за соработка, ЗП Костур на свечената прослава во  Охрид, се очекува да настапи со својата Фолклорна група пред охридските пензионери и граѓани кои ќе присуствуваат на одбележувањето на празникот на охридските пензионери.

Инаку, ЗП Охрид и Дебрца досега има воспоставено пријателски односи по пат на Спогодба за соработка со Стара Загода од Бугарија, Врање од Србија, Поградец од Албанија, и сега со  Костур од Грција. Паралелно со ова, во тек се активности за воспоставување соработка и со едно здружение на пензионери од Турција.

К. Спасески

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3