Инфо  

Галерии

ЗП Крушево

Монографија - траен белег за случувањата

8.11.2017

Здружението на пензионери Крушево по повод 20 години од своето дејствување издаде Монографија со наслов „Активности, дружење и соживот“.
Монографијата е напишана и создадена со цел да бидат оставени трајни белези за пензионерското живеење, за другарувањето, за активностите и резултатите кои ги има постигнато Здружението на пензионерите Крушево во изминатите 20 години, бидејќи годините минуваат, одредени нешта се забораваат, а само напишаното е траен белег за случувањата.
Во Монографијата се поместени документи, објавени се написи и голем број фотографии кои сведочат за животот на припадниците на третата доба во Општината и градот познат по својата историја, но во неа има и податоци за сегашното живеење на пензионерите, за нивното дружење и активностите на културно-забавен и спортски план, за екскурзиите, како и за хуманитарните активности кои се насочени кон оние членови на кои тоа им е неопходно.
Исто така, во Монографијата се изнесени факти и податоци поврзани со животот на пензионерите, со третманот на пензионерите од страна на Локалната самоуправа, како и од страна на други институции поврзани со оваа популација.
Од свој агол за пензионерите и пензионерското организирано живеење зборуваат некогашни и сегашни раководни личности од Здружението и од градот, како и претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, чија членка е ЗП Крушево. Во Монографијата поместени се и податоци за голем број награди и признанија кои ЗП Крушево ги има добиено заради своите активности во изминатите години.
С? на с?, Монографијата претставува документарно дело кое буди спомени, но и носталгија за она што поминало, но претставува и патоказ за она што ќе се случува во иднина.

Претседател на ЗП Крушево и
уредник на Монографијата
Глигор Ангелески

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3