ЗП Струга
Пензионерска средба на Денот на ослободувањето на Струга
9.11.2017
По повод Денот на ослободувањето на градот, на 8 ноември ЗП Струга ја организираше традиционалната средба за здруженијата на пензионери од југозападниот регион. На средбата покрај збратимените крушевчани, присуствуваа и ЗП од: Охрид и Дебрца, Ресен, Кичево, Битола, Дебар, Гостивар, Македонски Брод и Прилеп.
На заедничката прослава, која се одржа во хотелот „Бисер“, претседателот на ЗП Струга Милорад Трпоски одржа пригоден говор за значението на празникот 8 ноември при што истакна дека оваа година градот Струга ја прославува 73 годишнина од ослободувањето. Посакувајќи им добредојде на гостите и учесниците тој ја отвори средбата и на сите им посака добро здравје, пријатна забава и дружење.
Свеченоста беше збогатена со присуството на претставниците на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, предводени од потпретседателот на ИО на СЗПМ Салтир Каровски. Во поздравниот говор тој им го честиташе празникот на славениците изразувајќи чест и задоволство што е присутен на ова дружење, при што пренесе и топли поздрави до сите присутни од претседателот на СЗПМ Драги Аргировски.
На средбата се обратија и претседателите од присутните здруженија на пензионери , како и претседателката на активот на пензионерки од ЗП Гостивар Вадије Зендељи, која зборуваше и на албански јазик.
Како добри домаќини се покажа и пензионерките од Активот на ЗП Струга во чие име на присутните претседателки од активите на здруженијата учесници на средабата им беа врачени скромни подароци.
По разделбата која траеше до доцна попладне,сите заминаа задоволни и со зборовите дека долго ќе се памети и прераскажува за оваа средба во градот на поезијата.
Стојан Кукунешоски