Инфо  

Галерии

ЗП Бутел

Одбележан Денот на здружението

20.12.2017

Шестгодишното постоење и успешно дејствување на здружението на пензионери Бутел беше одбележано со свечена прослава на 13-ти декември 2017 година во ресторанот „Александар“ во населбата Радишани. На оваа свеченост присуствуваше делегација од СЗПМ предводена од потпретседателот на ИО на Сојузот, Салтир Каровски и претставници од општината Бутел на чело со Вене Тасев. Сојузот на ЗП на град Скопје го претставуваше претседателот Методија Новковски, а беа присутни претседатели и претставници на здрженијата на пензионери од Куманово, Велес, Кавадарци, Неготино, Лозово и од ЗП на град Скопје: Аеродром, Гази Баба, Чаир, Воени пензионери, ОВР на РМ, Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Сарај и Илинден.
Свеченоста ја отвори претседателот на здружението Љупчо Димовски посакувајќи им добредојде и пријатно расположение на гостите и учесниците, при што го нагласи значењето на овој датум забележан како Ден на формирањето на ЗП Бутел, откога се вклучи и се афирмира како едно од подобрите здруженија во СЗПМ. Тој истакна дека пензионерите од Бутел се мошне активни во повеќе области и постигнуваат забележителни резултати особено во културно-забавните и спортско-рекреатините активности, a во организацијата на екскурзии се рекордери во Сојузот.
За успешната соработка и поддршка на СЗПМ и општината Бутел претседателот Димовски им врачи благодарници на претставниците, како и на другите присутни претседатели и претставници на споменатите здруженија. Благодарници им беа доделени и на основачите на здружението и на други заслужни поединци.
Овој настан се одбележа и со заедничко дружење со музика, песни и оро на кое сите играа заборавајќи на товарот на годините.

М.Д.

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3