Инфо  

Галерии

Здружение на воените пензионери на РМ

Свечено прославен 25-годишниот јубилеј

20.12.2017

Здружението на воените пензионери на РМ на 10-ти декември 2017 година со свечена седница на Собранието го одбележа Денот на формирањето и своето 25-годишно постоење и успешно дејствување. На овој значаен настан присуствуваа гости од Министерството за одбрана, од Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, Градскиот сојуз на ЗП, ЗП Куманово, ЗП Гостивар и сите здруженија на пензионери од Скопје. Учесниците и гостите, меѓу кои беа и некои од основачите и претседателите на здружението, прв ги поздрави претседавачот на Собранието Добре Ефремовски, кој изрази задоволство што токму нему му припадна чест да ја отвори седницата и да го најави овој голем јубилеј на здружението.
Реферат за 25-годишното дејствување на здружението поднесе претседателот на ЗВП Ѓорѓи Зарински, кој ги истакна постигнувањата по периоди, а особено се задржа на успесите последните години, кога здружението забележува резутати за почит во сите области. Исто така, тој ги нагласии и проблемите како што се  намалувањето на членството поради немање прилив од пензионираните старешини на АРМ и недостатокот на  простор за активности, при што апелираше до МО и градските здруженија да помогнат во омасовувањето на здружението и обезбедувањето основни услови за функционирање.
Во име на СЗПМ на седницата се обрати претседателот на Собранието Бесник Поцеста, кој истакна дека ЗВП се афирмира како едно од подобрите во Сојузот и со своите културно-забавни, спортско-рекреативни и особено организациски активности може да послужи за пример на другите здруженија.
Со пригодни зборови и честитки за постигнатите успеси од гостите се обратија: претставникот на Министерството за одбрана, Тони Петрески, претседателот на Градскиот сојуз на ЗП, Методија Новковски, претседателот на ЗП Гостивар, Нијази Џелили, претседателот на ЗП Куманово, Спирко Николовски, претседателот на Здружението на ветераните, Филип Котели и пратеникот во Собранието на РМ, Илија Николовски, кој вети дека ќе се бори и докрај ќе ги застапува интересите на пензионерите.
Свечената седница заврши со доделувања признанија и благодарници на институции и најзслужни поединци, а за сите присутни беше организирано дружење и веселба со пријатна музика.

Милка Гирасова

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3