Инфо  

Галерии

16-та седница на ИО на СЗПМ

Резултатите поттик за нови активности

17.2.2018

На 16 - ти фебруари 2018 година, Извршниот одбор на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија ја одржа својата 16-та седница со која раководеше претседателот на СЗПМ Драги Аргировски, а покрај членовите на ИО, присуствуваа и претседателот на Собранието на СЗПМ, Бесник Поцеста, претседателот на Надзорниот Одбор Митре Стојановски, претседателот на комисијата за здравство и социјална политика д-р Стојанче Стефановски и сметководителот на Сојузот, Петар Андреевски.
Како што е вообичаено најнапред беше усвоен записникот од претходната 15-тата  седница на ИО на СЗПМ. Потоа на дневниот ред беше Извештајот за работа на СЗПМ и неговите органи и тела во 2017  година,  кој го образложи Салтир Каровски, потпретседател на ИО на СЗПМ.
-Во Извештакот за работа на СЗПМ за 2017 година опфатени сите поважни активности. Петигнатите резултати се поттик за нови активности во оваа 2018. Од постигнатото можеме да бидеме задоволни бидејќи програмата за 2017 реализирана во целост, дури и повеќе од тоа, - истакна меѓудругото Каровски.
На седницата членовите  на Извршниот Одбор беа информирани и за финансиското работење на СЗПМ во изминатата 2017 година. Стручно објаснување на пртходно дистрибураниот материјал даде претседателот на НО, Митре Стојановски.
-Спред извештајот на НО, анализата на прикажаните приходи и расходи дава слика на состојбата, како и насоки за натамошно организирање на активностите во 2018 година.   Од извештајот видливи се многу позитивни показатели за домаќинско работење во рамките на финансискиот план за 2017 година, потенцираше Стојановски.
По дискусиите кои следеа по овие два важни документи истите беа усвоени, како и Одлуката за завршна сметка за 2017 година, со заклучок истата да биде објавена во весникот „Пензионер плус“ и веб страницата на СЗПМ.
За проектот на СЗПМ „2018 – Година на инклузија на старите луѓе“ воведно излагање имаше Станка Трајкова, секретар на ИО на СЗПМ.
-Инклузијата на старите луѓе на сите нивои во општеството е особено важна од повеќе аспекти. Нивната вклученост во работата на повеќе институци и на други невладини здруженија кои третираат слична проблематика, ќе донесе придобивки за сите, рече во своето излагање Трајкова.
На седницата беше формиран  Организационен одбор на регионалните ревии за песна музика и игри, а беа определени домаќини на истите и беа  дефинирани и финансиските сретства за подршка на истите.
Претседателот на СЗПМ, Драги Аргировски ги информираше присутните дека се очекува во април во СЗПМ да престојува делегација на Сојузот на пензионерите од Словенија и на истата меѓудругото, да се договори организирање на Балканска фолклорна ревија во Скопје, со поддршка на Европската Унија.
На седницата, исто така, беа донесени и други одлуки за непречено тековно работење на Сојузот во наредниот период.

Калина С.Андонова

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3