|
Од активноста на Советот за социјална сигурност при МТСП
Континуирана грижа за пензионерите
4.4.2018По повод Извештајот за работа на Сојузот на Здруженија на пензионерите на Македонија и неговите работни тела, за 2017 година, на седницата на Собранието на Сојузот (16 март 2018 година) , посебно внимание беше посветено на темата здравствено осигурување односно здравствената заштита на корисниците на пензија. Членовите на Собранието беа информирани дека за унапредување на здравствента заштита повеќе проекти се покренати од страна на СЗПМ. На членовите на собранието на СЗПМ им беше ветено дека ќе се побара одгвор од надлежните за достигантото ниво на решавање на овие прашања.
На наше задоволство на 4 април 2018 година се одржа седница на Советот за социјална сигурност (тело кое работи во рамките на Министерството за труд и социјална политика), а во надлежнст се исклучиво прашања кои се однесуваат на корисниците на пензија. На седницата присуствуваше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот на Министерството за здравство, доц.д-р Венко Филипче. Предмет на седницата беше достигнатото ниво на решавање на пензинерските барања за покачување на границата за ослободување од партиципација за болничко лекување на пензионери со пензија од 12.600 на 15.600, отварање на геронтолошки одделенија во рамките на општите болници, проектот ново пакување на лекови, проширување на позитивната листа на лекови како и подобрување на застапеноста на теренските доктори и аптеки во руралните средини.
Во однос на барањето на пензионерите за покачување на лимитот за ослободување на пензионерите од болничка партиципација министеот доц.д-р Венко Филипче информираше дека овој проект повлекува фискални имликации и потребно е да се направат детални анализи согласно трошоците на жвотот. До сега според утврдената анализа ослобдување од болничка партиципација би се однесувало за пензионери чија пензија изнесува до 13.900 денари. Се очекува овој проект да се реализира во втората половина од 2018 година.
Во однос на проeктот за пренамена на неискористениот простор во општите болници во геронтолошки одделенија министерот ни даде информација дека веќе се изготвува детална анализа за неискористениот простор во општите болници како и невработени медицински лица кои би се вработеле во геронтолошките одделенија. Истовремено, тој истакна дека се предвидува и американски модел за обука на кадар кој би давал „прва помош“ во ова одделенија. Се очекува Министерството за здравство и Минстерството за труд и социјална политика да имаат релна слика за состојбата на овие простори и начинот на нивна пренамена.
По прашањето за нови пакувања на лекови министеорт доц.д-р Венко Филипче истакна дека пакување на лекови и терапија за хронично болни пациенти и оние кои патуваат во странство е подготвена нова Методологија која нема да овозможи создавање на домашна аптека“. Исто така, на прашање на член во Советот од СЗПМ за проширување на позитивната листа на лекови министерот одговори дека се работи на пропишување и проширување на на листата на нови лекови со цел олеснување на постапката за набавка од страна на граѓаните.
За работата на теренските лекари и амбуланти во рурални средини беше истакнато дека и покрај стимулативните мерки за теренските тимови слаб е интересот, но се работи на зголемување на активноста за поширока покриеност во руралните средини.
На крајот министерот за здравство и министерката за труд и социјална политика ветија дека и понатаму во фокусот се пензионерите и решавањето на сите прашања за унапредување на здравсвената и социјалната сигурност на пензионерите за безбеден и достоинствен живот.
Членовите на Советот за социјална сигурност ќе продолжат и понатаму упорно да се борат за правата на пензионерите за реализација на досегашните проекти и покренување на нови како континуирана активност и одговорност пред органите на СЗПМ.
Станка Трајкова
|
|