Инфо  

Галерии

ЗП Кочани

Повеќе илјади пензионери на средбата во Пантелеј

26.8.2018

На традиционалната 12 средба на пензионерите од Македонија членки на СЗПМ, чиј домаќин и годинава беше ЗП Кочани, присуствуваа повеќе илјади пензионери од над триесет пензионерски здруженија во Македонија. Дебелите букови, дабови и ореови сенки и манастирските конаци беа претесни да ги соберат кои беа дојдени да бидат дел од прославата во Пантелеј.
На големиот број присутни пензионери и други гости најпрвин им се обрати Ѓорѓи Серафимов, претседател на ЗП Кочани кој се заблагодари за масовното присуство и за посетеноста на манастирот.
Потоа потпретседателот на ИО на СЗПМ Салтир Каровски во името на Сојузот на присутните им посака пријатен престој, убаво дружење и средба за паметење.
На присутните им се обрати и градоначалникот на Кочани Николчо Илијев кој воодушевен од масовното присуство на пензионерите, ја искажа подготвеноста на општината да им помогне на луѓето од третото доба во сите нивни активности.
Илијев исто така, зборуваше за активностите во месните клубови на пензионерите, а најави и скорашна изградба на домот за стари лица кој ќе се гради во Кочани. 
По официјалниот дел присутните на собирот во Пантелеј ја разгледаа околината и се воодушевува на фреските и иконите во двете манастирски цркви работени од тајфата на Димитар Андонов Папрадишки насликани во половината на 19 век.

К.Герасимов

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3