Инфо  

Галерии

ЗП Кичево

Средба на пензионери, за спомен за паметење

26.9.2018 Она што и после се’ го носиме во себе се спомените, а од оваа средба понесовме спомени кои ќе останат да траат, бидејќи ова се убави спомени од една дружба. Неодамна Кичево беше дом на пензионерите од Македонија. Во организација на активот на пензионерки при ЗП Кичево беше организирана традиционалната пензионерска средба за заедничко дружење која се организира секои две години. Оваа година средбата беше посветена на 75 годишнината од ослободувањето на градот Кичево во НОВ во 1943 година. Според програмата гостите прво го посетија многу манастирскиот комплекс Света Богородица –Пречиста кој се наоѓа на 6 километри во планинскиот дел на патниот правец Кичево –Битола. При разгледувањето на манастирот гостите имаа ретка можност да ги видат иконите изработени од првиот македонски иконописец Дичо Зограв и неговиот син Аврам, присуствуваа и на ритуалот покрај светата вода во самиот манастир каде беа послужени со утринско кафе и локум од страна на домаќините. Опиени од прекрасните пејзажи и духовниот мир во овој недопрен дел од природата го продолжија своето дружење. Потоа гостите се упатија кон прекрасниот хотел и ресторан „Арабела“ каде продолжи пензионерското дружење, со забава, насмевки, разговори и средба со стари и нови пријатели. На присутните во ресторанот со поздравен говор им се обрати претседателот на ЗП Кичево Љубомир Лукароски и претседателката на активот на пензионерки Ангелина Ристоска. Потоа беше направена заедничка фотографија на претседателите на здруженијата и претседателските на активите и од име на домаќините им беше врачена фотографија од манастирот Света Богородица –Пречиста Кичевска. На средбата присуствуваа над 600 пензионери од 17 здруженија на пензионери и тоа дос здруженијата: Гази баба - Скопје, Ресен, Охрид, Бутел - Скопје, Тетово, Илинден- Скопје, Штип, Валандово, Богданци, Крушево, Велес, Прилеп, Македонски Брод, ЗП Битола и домаќинот ЗП Кичево. Најбројни беа од Скопје, 90. На средбата домаќини се претставија со две хорски изведби „Ќираца ќе оди на пазар“ и „Кој ти ги даде тие црни очи“, а гостите беа послужени од име на Активот на пензионерки со кичевскиот специјалитет питулици на тепсија. За успешноста на оваа средба голем придонес дадоа домаќините пензионери и пензионерки ангажирано околу дочекот на многубројните гости како во манастирот така и во ресторанот Гостите ги забавуваше прекрасниот оркестар “Кале“ од Македонски Брод се до 17 часот кога заврши незаборавната пензионерска средба која беше Македонија во мало.
Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3