ЗП Крива Паланка
Убава промоција со убав повод
22.9.2018Во чест на 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија и 20 септември, Денот на пензионерите на Македонија во Музејот на градот Крива Паланка беше промовирана книгата „Трепети од животот“ чиј автор е Благица Стојчевска еден од најактивните членови на здружението. Промоцијата ја отвори директорот на градскиот Музеј Драган Величковски, кој рече дека промоцијата е и во рамките на Културното лето на градот.
Во ретко убавиот амбиент во музејот со каков не можат да се пофалат ниту многу поголеми градови, пред над педесетина пензионери за добрата соработка со пензионерите прв на присутните им се обрати градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски кој рече:
-Соработката со највозрасните жители на нашата општина е на посакуваното ниво. И досега и во иднина ќе ги помагаме нивните активности бидејќи тие со нив го афирмираат градот особено преку нивниот убав и содржаен весник „Пензионер плус“.
Потоа на присутните им се обрати претседателот на ЗП Крива Паланка Славко Стојановски, кој ги пофали креативните активности на членовите на здружението и како и градоначалникот им ги честиташе двата празника на присутните.
Во името на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија и од претседателот на Сојузот Драги Аргировски љубителите на литературата и убавиот пишан збор присутните ги поздрави Калина С. Андонова член на ИО на СЗПМ, и претседател на Комисијата за информирање и издавачка дејност на Сојузот, која беше воедно и промотор на книгата „Трепети од животот“. Таа меѓу другото рече:
- Авторката на стихозбирката „Песни за љубовта” издадена во мај 2014 година и во оваа нејзина втора книга ја опејува љубовта во сите нејзини облици и форми. Нејзините стихови се поетски трепети изнедрени во длабочината на нејзината поетска душа. Затоа неслучајно нејзини песни има објавено на страниците на повеќе Алманаси во земјата и во странство, а слушајќи и читајќи ги нејзините стихови си ја блажат душата луѓе од разни генерации. Убавината на нејзините песни ја препознале и повеќе комисии и и’ доделиле награди. Новина во оваа нејзина втора книга е што во неа се поместени и десетина прозни написи во кои Стојчевска пишува за се’ она што ја опкружува. Во секој напис има и поука и порака што им го зголемува и квалитетот и вредноста. Со други зборови втората книга „Трепети од животот“ на Благоротка Стојчевска е и доказ дека таа успешно твори и како поетеса и како прозен автор, што докажува дека таа успешно чекори и напредува во двете литературни форми. Книгата финансиски е поддржана од здружението и со СЗПМ.
Потоа Стојчевска пред присутните ја прочита својата песна „8. Септември“ поместена во нејзината најнова книга.
Се’ на се’ убава промоција со убав повод.