Инфо  

Галерии

ЗП Кавадарци

Пеачката група „Лоза“ сними ЦД со 16 родокрајни песни

2.4.2019

Пеачката група „Лоза“ која работи во рамките на ЗП Кавадарци, својата активност ја круниса со издавање на албум насловен како  ,,На гости во Кавадарци“. Самиот наслов доволно зборува дека станува збор за една успешна приказна со низа од песни карактеристични за градот на грозјето и виното. Овие песни претставуваат вистинско богатство за сегашните и идните генерации, песни кои на овој начин ќе бидат сочувани од заборав и ќе бидат траен белег на едно време. Инаку оваа активна пеачка група работи од средината на 2003 година, а основана е на иницијатива на комисијата на Културен забавен живот и Фруска Костадиновска како нејзин претседател. Уште истата година групата настапи на првата Републичка ревија на песни, музика и игри во Пробиштип за потоа да учествуваат на сите регионални и Републички ревии во организација  на СЗПМ. Прв раководител на групата е Ѓорѓи Јованов музички педагог во пензија. Групата настапува на повеќе приредби и манифестации низ државата.
Најголемите успеси ги постигнува со доаѓањето на Ристо Анѓушев како претседател на ЗП Кавадарци. Со неговото доаѓање во 2012 година се изврши реорганизирање и со групата започнуваат да работат професорите Стево Волчев и Пешо Бошков, како и вокалниот солист Ангел Тотов. Освен редовните настапи на ревии и приредби, групата е учесник и на меѓународниот фестивал на песни во Куманово, а има одржано и целовечерен концерт во Лесковац Р Србија. Особена популарност доживеа на гостувањето на ТВ АЛФА како и на локалните телевизии. Резултат на напорното работење на сите членови на групата „Лоза“ е издавањето на овој албум со 16 македонски староградски песни. Деновиве по повод промоција на ЦД - то групата имаше успешен настап на ТВ СИТЕЛ во  емисијата „Мерак меана“.

Лилјана Илиева

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3