За нас Организација Програма Контакт СЗПМ  
 
 
  За нас  
Страници на здруженија

Здружението на пензионери на општина Македонска Каменица како самостојно здружение делува од 28.01.1997 година. Дотогаш делувало како Огранок на ЗП Делчево со зголемени ингеренции. Постапката за формирање на Здружението е демократски спроведено, а делбениот биланс на средствата е извршен според бројот на пензионерите.

Прв Претседател на Здружението бил Симеон Ангелов. Здружението делува на делегатски принцип. Во село Саса каде има поголем број на пензионери има Огранок. Селските населби се од маалски тип т.е расфрлани во повисоките зони во граничниот појас кон Р. Бугарија, па не може да дојде до групирање на повеќе населени места и формирање на огранок. Затоа секое населено место-месна заедница (10 месни заедници) во Собранието на Здружението е застапено со делегат или вкупно десет делегати, а Македонска Каменица во Собранието е застапено со 11 делегати.

Органи на Здружението се: Собрание со 21 делегат, Извршен Одбор со 7 делегати, -Надзорна Комисија и Статутарна Комисија.

Здружението на пензионери располага со пензионерски клуб од 155 метри квадратни, шах сала со 19 квадрати, магацински простор 40 квадрати, со санитарен јазол целосно реновиран, работни простории и конференциска сала од 18 квадрата.

Во рамките на Здружението делуваат: Комисија за културен забавен живот, Комисија за спорт, Комисија за здравство, Комисија за работа со правни субјекти, Пописна комисија и Комисија за расход. Во Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, здружението е застапено со свој делегат кој го избира Собранието.

Од 14.03.2019 година Претседател на Здружението е Јаворка Соколовска. Во склоп на Здружението е формирана и играорната групата Разиграни пензионери и Актив на пензионерки. Здружението има соработка со локалната самоуправа и други невладини организации. Главна задача на новоизбраните органи и тела на Здружението е пензионерите да имаат активно стареење. Членовите на здружението користат бањско-климатско лекување за кое Здружението партиципира со 10% од вкупно направените трошоци. По повод Новогодишните и Божиќните празници обезбедуваме солидарни пакети и еднократна неповратна помош на пензионери со ниска пензија, дава помош и . при природни катастрофи (пожари и слично). Здружението е активно на спортски и културно-забавен план со учество на Општински, Регионални и Републички манифестации. Успешен настап заедно со ЗП Радовиш и Конче, здружението имаше во Љубљана, Р. Словенија во 2015 година.

Здружението ја организира Манифестацијата Бабина баница во туристичко-манастирскиот комплекс на локалитетот Еленец - с. Цера. Овој настан е единствен по содржината во Република Македонија и има меѓународен карактер. ЗП Македонска Каменица остварува добра соработка со локалната самоуправа, а дека тоа е така зборува фактот што пензионери секој петок користат бесплатен превоз од местото на живеење до Македонска Каменица и во обратен правец. За оваа намена се обезбедени два минибуси. Овие возила Здружението ги користи и за други одредени потреби.

ЗП Македонска Каменица
Претседател,
Јаворка Соколовска

 
  изработено од Medium 3