|
Здружението на пензионери од Пробиштип, по бројот на членови се вбројува меѓу помалите здруженија, членки на СЗПМ, но со активностите од разни области, настојува да биде на исто или слично рамниште на поголемите здруженија.
Првото организирано дејствување на пензионерите во Пробиштип започнува во 1960 година со 571 пензионер. За прв претседател бил избран Угрин Котевски, а за секретар Петар Голубјатник. Следни претседатели биле: Стоица Станојков, Алексов Ѓошевски, Радослав Михајловски, Тодор Аксентиев и Груица Манасијев.
Здружението на старосни и семејни пензионери брои 1950 членови и има свои акти за нормално работење. Највисок орган е Собранието брои 19 членови, Извршниот одбор 9, а комисии има за култура, спорт, здравство и друго.
Во своето многугодишно опстојување, здружението бележи бројни постигнувања и награди преку културата, спортот и рекреацијата, здравството и бањско-климатското рекреирање и друго..
За одбележување е што токму ова мало здружение ја одигра пионерската улога во културните и спортските збиднувања во СЗПМ. КУД „Весели пензионери“ кое работи во состав на ЗП, има забележано евидентни резултати на фестивалите во Македонија и надвор од нашата земја. ЗП Пробиштип било домаќин и организатор на Првата фолклорна ревија и е учесник на првите регионални спортски натпревари во 1996 година кои се одржале во Охрид, и до денес е постојан учесник. ЗП Пробиштип над 30 години го негува спортот и одржува спортски натпревари кои се од Меѓуопштински карактер, а постојани учесници се Крива Паланка, Кратово, Пробиштип и Свети Николе. Во делот на здравството одржува едукативни предавања со здравствените институции, се испраќаат пензионери на бањско-климатска рекреација, а дел од нив ги користат и мерките преку Владата на РМ. Голем интерес пензионерите покажуваат за еднодневните екскурзии на зелено што во текот на годината ги органзира здружението, а ги има повеќе од десетина.
Од работата на ЗП Пробиштип со особено задоволство треба да се спомене меѓу генерациската соработка во повеќе области, како и соработката со Локалната самоуправа, градоначалниците, Здравствениот дом и ОО на Црвен крст, како и традиционалниот собир во Лесново. Во здружението има 7 ограноци.
Претседател на ЗП е Гриуца Манасијев, а секретар Ангел Коцев.
|
|