|
ПРОГРАМА
ЗА РАБОТА НА ОРГАНИТЕ И ТЕЛАТА НА
ЗП РАДОВИШ И КОНЧЕ
ЗА 2020 ГОДИНА
Програмските активности на ЗПОРК ги сочинуваат активностите на органите и телата на здружението и тоа: Собранието, Извршниот одбор, Надзорниот одбор, Комисиите формирани од Собранието и Извршниот одбор, Активот на жени, а секако тука спаѓаат и активностите на стручната служба на Здружението.
I. Собранието во текот на 2020 година, ќе ги има следните активности:
- Усвојување на програмата за работа на ЗПОРК за 2020 година (рок декември 2019 година).
- Усвојување на финансовиот план на ЗПОРК за 2020 година, на предлог на Извршниот орган. Рок-Декември 2019 година.
- Усвојување на годишниот извештај за работата на ЗПОРК-на предлог на Извршниот одбор.-Рок-Март 2020 година.
- Усвојување на завршната сметка на Здружението за 2019 година, по предлог на Извршниот одбор-рок Јануари - Март 2020 година.
- Усвојување на Извештајот на Надзорниот одбор-рок Јануари-Март- 2020 година.
II. Извршниот одбор на ЗПОРК на своите седници во 2020 година, ќе ги донесува своите одлуки, решенија и други акти кои произлегуваат од тековното работење согласно Статутот на Здружението, а ќе ги спроведува и одлуките и заклучоците донесени од Собранието на Здружението.
Во 2020 година Извршниот одбор ќе донесува одлуки за тековно и инвестиционо одржување на објектите и основните средства на Здружението, а во согласност со средствата издвоени во финансовиот план, односно во согласност со финансовите можности на Здружението и потребата од одржување на основните средства.
Извршниот одбор во 2020 година ќе остварува соработка со општините Радовиш и Конче, со Црвениот Крст на РСМ-00 Радовиш, Домот за народно здравје и со одделни невладини организации, со цел за помагање на стари изнемоштени лица-пензионери и подобрување на условите за нивен подобар живот.
Во 2020 година ќе продолжи соработката со Здруженијата не пензионери од Републиката, а ќе се воспостави и со нови здруженија надвор од Републиката.
Ќе се воспостави соработка со некоја од лабораториите за испитување на шеќер; холестерол и триглицериди за пензионерите, како и ќе се подобри грижата за болните и изнемоштени пензионери.
III. Надзорниот одбор во текот на 2020 година перманентно ќе го следи работењето на Собранието и Извршниот одбор, со присуство на нивните седници, а по потреба ќе одржува и седници за разгледување на одделни прашања од материјално финансиско работење на здружението како и спроведување на одредбите од Статутот на Здружението.
IV. Комисиите формирани од страна на Собранието и Извршниот одбор во текот на 2020 година, ќе се ангажираат, секоја во својата област на дејствување, за реализирање на статутарните и програмските активности на Здружението.
КОМИСИЈА ЗА СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА
Спортот и рекреацијата се важен дел од животот не секое лице, а посебно во пензионерските денови.
Здружението на пензионерите на општините Радовиш и Конче, своите активности за здраво стареење ќе ги остварува преку Комисијата за спорт и рекреација.
За таа цел, уште во почетокот на 2020 година (најкасно до 15 февруари) ќе го распише огласот за пријавување на пензионерите за поодделните спортски дисциплини, а потоа ќе изврши утврдување на листата на пензионери по одделните спортски дисциплини.
Во април или мај се планира одржување на пролетен пензионерски пешачки марш, до дестинација што дополнително ќе се утврди, а од 01.05. - 10.05.2020 година, ќе ги одржи општинските натпревари и ќе изврши селекција на спортистите по дисциплини (доколку ги има повеќе пријавени).
На крајот на Мај или почетокот на Јуни, со спортистите ќе учествува на Регионалните пензионерски спортски натпревари, а во почетокот на Септември, ќе учествува на Републичките пензионерски спортски натпревари, доколку наши спортисти освојат први места на регионалните спортски натпревари.
На 20-ти Септември, ќе ја одржи на манифестацијата „Пензионери на велосипеди", а на крајот од годината ќе избере и прогласи и спортист на годината.
За стимулирање на спортистите се предвидени и пригодни парични награди, за оние што ќе освојат медал на Регионални или Републички спортски натпревари.
КОМИСИЈА ЗА ЗДРАВСТВО И ХУМАНИТАРНИ АКТИВНОСТИ
На почетокот на годината ќе распише оглас за покривање на дел од трошоците за бањско - климатско лечење и оглас за хуманитарни пакети по повод Велигденските празници. По разгледување на пристигнатите пријави, ќе состави листи на пензионери на кои ќе им бидат покриени дел од трошоците за бањско-климатско лечење и листа на пензионери за Велигденски хуманитерни пакети.
Во текот на 2020 год. ќе воспостави соработка со Црвен крст на РСМ - ОО Радовиш, ЈЗУ ЗД Радовиш и со одделни невладини организации со цел помагање на стари изнемоштени лица-пензионери, за нивните потреби, а со цел да се подобрат услови за нивниот живот. Исто така ќе ја подобри соработката со Комисиите за здравство од другите ЗП од Републиката, а ќе се направат обиди за воспоставување на соработка и со нови здруженија надвор од РСМ.
Во 2020 год. Комисијата ќе воспостави соработка со некоја од лабораториите за испитување на шеќер, холестерол и триглицериди, мерење на притисок на пензионерите, а ќе ја подобри и грижата за болни и изнемоштени пензионери, со можност да се организираат домашни посети.
Во соработка со Активот на жени и Претседателите на Ограноците, кон крајот на годината ќе изврши посета на стари изнемоштени пензионери за кои нема кој да се грижи и на истите ќе им се поделат пригодни подароци, а исто така ќе изврши посета на здружението на деца со посебни потреби „Порака" и Домот за престој на стари лица, и на истите ќе им подари пригодни подароци.
КОМИСИЈА ЗА КУЛТУРНО ЗАБАВЕН ЖИВОТ
Културно забавниот живот на пензионерите од нашето Здружение се остварува преку активноста на Комисијата за културно забавен живот.
Богатата програма на Комисијата за културно забавен живот, ќе започне на почетокот на годината, кога ќе ја одбележи Нова Година по стариот календар, а потоа ќе ги реализира сите традиционални манифестации како Благцето на баба - Велес, Свети Трифун -
Кавадарци, Свети Ѓорѓи Кратовски- Кратово, учество на Струмичкиот карневал - Струмица, прослава на Денот на жените 8-ми Март, учество на Зелникот на баба во Пробиштип, и на сите други од интерес на пензионерите од нашето Здружение, а во средината на месец Јули ќе учествува во организацијата на нашата манифестација-средба во природа на Ораовичко Манастирче. Со Фолклорната група ќе земеме Учество на Регионална ревија на песни, музика и игри, а доколку сме успешни ќе учествуваме и на Републичката Ревија на песни, музика и игри.
Во 2020 година се планира формирање и афирмација на Драмската секција „Пензионер", со алтернативен настап „Радовишки маабети", а се планира и настап на „Радовишко културно лето". Се планира и формирање на пејачката група.
Во програмските активности на Комисијата за културно забавен живот, секако за одбележување е настапот на меѓународниот фестивал во с. Радуил- Р. Бугарија, за кој се планира да стане традиционален.
Покрај овие планирани програмски активности Комисијата за културно забавен живот при ЗПОРК, ќе ги реализира и активностите што ќе се јават во текот на годината, како што се учество на смотри, манифестации и меѓународни фестивали.
КОМИСИЈА ЗА СТАНОВИ И РАБОТА СО КЛУБОВИТЕ
Во својата програма за работа во 2020 година, Комисијата за станови и работа со клубовите, има предвидено навистина голем број на активности.
Покрај редовната грижа за тековно одржување на пензионерските станови и постојните клубови, во 2020 година планира да се отворат и нови пензионерски клубови, за што најголеми изгледи има во с.Ињево, а има предлог да се отвори пензионерски клуб и во с.Злеово.
Во 2020 година се планира да се изврши обновување на целиот покрив од Пензионерскиот дом, како и реновирање на Клубот на пензионерите во Радовиш.
Во својата програма за 2020 година Комисијата за станови и работа со клубовите, планира да ја обнови одводната мрежа од зградата на Пензионерскиот дом, која мрежа (во новиот дел)поминува и низ управните простории каде прокиснува) и санитарниот јазол на Клубот.
Исто така во 2020 година е планирано да се обнови и фасадата од источната страна на Пензионерскиот дом, за што веќе се направени и консултации со архитект.
АКТИВ НА ЖЕНИ
Активот на жени при ЗПОРК-Радовиш, како посебно тело кое се грижи за вклучување на жените-пензионери во активности од интерес на жените пензионери, во богатата програма за работа во 2020 година, ги има планирано следните активности:
Во почетокот на месец јануари 2020 година, ќе изврши посета на стари изнемоштени пензионери, да се поразговара за нивните проблеми и да им се подарат пригодни Новогодишни и Божиќни подароци, а во периодот од месец Јануари до месец Март 2020 година, вклучување на жени пензионерки-волонтери, за изработка на чорапи, шалови и др. рачни изработки, кои ќе се подарат во добротворни цели.
За Велигденските празници-при изработката на Велигденските пакети, активно вклучување на Активот на жени со вапсување на јајца и донирање на стари лица, а ќе се вклучи и во одбележување на меѓународниот ден на мајката со посета на стари лица (мајки), како и во одбележување на Светскиот ден на срцето на 29.09.2019 година.
На 01.10.2019 година, одбележување на денот на стари лица- пензионери над 80 години, а на 17-ти Октомври, ќе го одбележи Меѓународниот ден на сиромаштијата.
V. ОДБОРИ НА ОГРАНОЦИТЕ
Здружението на пензионерите на општините Радовиш и Конче, е организирано преку дејствување во 9 Ограноци.
Преку Ограноците ќе се дејствува за ангажирање на поголем број пензионери во активностите на Здружението, а тоа ќе се остварува со посредна комуникација преку членовите на секој Огранок во Извршниот одбор и Собранието, како и непосредно со комуникација помеѓу органите на Здружението и самите пензионери.
VI. СОРАБОТКА СО ОРГАНИТЕ И ТЕЛАТА НА СЗПМ И СО ДРУГИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА
Соработката со органите и телата на СЗПМ-Скопје, во 2020 година ќе се одвива како и досега преку посредна и непосредна комуникација, како и со организирање и учество во заеднички проекти.
Непосредната комуникација ќе се одвива преку нашиот член во Собранието на СЗПМ, а посредната со доставување на Записници и Одлуки за решавање на прашања од заеднички интерес, како што се спортски манифестации, културни настани и др.
Соработката со другите Здруженија од Републиката и во 2020
година останува како една од најмасовните активности на Здружението. Оваа соработка посебно се манифестира при организирањето на масовните дружења во природа; масовните спортски натпревари како од регионален, така и од републички карактер.
Во таа насока нашето Здружение ќе се потруди оваа соработка уште повеќе да ја збогати со организирање на меѓу-општински дружења и одржување на спортски натпревари.
VII. НАДЗОРЕН ОДБОР
Надзорниот одбор, како и досега, така и во 2020 година, ќе го следи и контролира финансиското и материјалното работење на Здружението.
Во таа насока ќе поднесува извештај до Извршниот одбор и Собранието, и ќе врши контрола на завршната сметка за 2019 година.
Надзорниот одбор ќе ја следи примената на Статутот, Програмата за работа и Финансовиот план на Здружението.
ЗПОРК-Радовиш
Бр. 0201-383/2
26.12.2019 г.
|
Претседател на Здружението на пензионери на општините Радовиш и Конче,
Митко Стефанов |
|
|