|
Програма
За работа на Здружението на пензионерите на општина Сарај во 2016 год.
Здружението на пензионерите на општина Сарај, 2016-та година ја започнува со својот трет мандат со органи и тела освежени со нови членови. Изминатите два мандата и покрај тоа што како релативно младо здружение беа многу успешни. Изминатите мандати на здружението ќе му послужат за да 2016 година биде уште по успешна. Поголемиот дел активностите на здружението и во 2016 година ќе бидат продолжување на тие од изминатите години проширувајќи ги и надградувајќи ги нив.
Носители на програмските активности и во 2016 година ќе бидат органите и телата на здружението. За оваа година, се планираат следните активности:
1. Собранието на здружението, во текот на годината ќе одржи две седници. Едната при крајот на месец февруари на кое ќе треба да се разгледуваат и усвојуваат актите: Извештајот за работа на Здружението, Финансискиот извештај, Извештајот на Надзорниот одбор, Завршната сметка (овие за 2015 година), како и Финансискиот план и Програмата за 2016 година. Втората седница ќе ја одржи при крајот на годината на кое ќе треба евентуално да се прави Ребаланс на буџетот за 2016 година и Временото финансирање за првите три месеци на наредната година. По потреба ќе одржи и трета седница.
2. Извршниот одбор како извршен орган, носител на повеќе активности, своите седници ќе ги одржи по потреба. Ќе се ангажира за успешно остварување на Програмата за работа, ќе ги подготвува материјалите за Собранието, Завршната сметка, Финансискиот план, Извештајот за работата на органите и телата на здружението, Програмата за работа на органите и телата на здружението. Ќе се ангажира за правилната примена и остварување на правата на пензионерите кои произлегуваат од соодветните Закони. Ќе се ангажира за афирмација на здружението со цел успешно остварување на задачите на здружението во интерес на пензионерите, постигнување на резултати во работата и поголема одговорност на органите и телата и членовите. Понатамошна афирмација на ограноците и воспоставување на по чести контакти со нив.
Ќе се ангажира за отворање на Клубот – Центар за дневен престој на пензионерите како и правилната организација на неговата работа. Ќе се ангажира седиштето на здружението да биде на територија на здружението со цел да биде по блиску до членството. Ќе се ангажира и понатаму секогаш за транспарентност на органите и телата на здружението.
3. Надзорниот одбор како орган на здружението, и во 2016 година, освен финансиското работење, ќе ја следи целокупната работа на здружението со цел таа да биде во согласност со нормативните акти. Тој, по потреба ќе изготви и писмен извештај за финансиската состојба на приходите-расходите и тие ќе ги престави пред органите на здружението со цел тие да се применуваат правилно и транспарентно.
4. Статутарната Комисија ќе ја усогласи Статутот на здружението во согласност со Законот за пензионерско организирање кој е на процедура да се донесе во ораните на СЗПМ. Ќе интервенира и на други одредби на Статутот, таму каде ќе констатира дека е потребно.
5. Комисијата за спорт и спортски активности на здружението ќе изготви своја Програма за своите активности. Ќе ги организира локалните спортски активности, учеството на регионалните спортски активности како и по можност и на тие на 21 републички. Во оваа насока ќе се грижи за подобра подготовка на овие натпревари како и за помасовното учество на пензионерите од здружението.
6. Комисија за екскурзии, рекреација и културно забавен живот, Комисија ќе изготвува програма за еднодневни екскурзии во Македонија и Косово како и три дневна екскурзија во Албанија за посета на историски места. Ќе се организира и групно летување на море во Албанија.
Ќе се учествува на 14-ти регионална Ревија на песна музика и игри, на Балканскиот фолклорна Ревија во Скопје (ако ќе се одржи), на мултиетничката традиционална средба која се одржува секоја година во спортскиот рекреативен центар во Сарај, средба која се одржува по повод денот на пензионерите 20 септември и др.
7. На здравството и социјалните прашања исто така ќе му се посвети внимание бидејќи тоа е најпотребно за третата доба. Носител на овие активности ќе биде Комисијата за здравство и социјални прашања. Ќе се организираат предавања со теми за здравјето. Со помош на Црвениот Крст на Македонија, ќе се организира мерење на притисокот, шеќерот и маснотиите во крвта. Ќе се води грижа за изнемоштените во домашни услови.
8. Информирањето и во 2016 година ќе се направи со помош на структурите во здружението, преку претседателите на ограноците кои присуствуваат во работата на органите и телата на здружението, преку писмени соопштенија кои ќе се истакнуваат на видни места. Добро информирање ќе се направи и преку весникот „Пензионер плус„, додатокот „Пензионерски видици„ во весникот „Нова Македонија„, како и преку додатокот за пензионерите во весникот „КОХА„. Оваа година, информирањето ќе се прави и преку ВЕБ потстраницата на нашето здружение во ВЕБ страницата на СЗПМ, како и преку Билтени кои ги издава СЗПМ.
9. Во 2016 година, ќе се продлабочува соработката со локалната самоуправа Сарај, како и локалните јавни претпријатија. Соработката секако ќе продолжува со Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија каде здружението е членка, како и со Сојузот на здруженијата на градот Скопје, каде во овие две сојузи на здруженија, нашето здружение има претставник во нивните Собранија. Започнатата добра соработка во извештајниот период, ќе продолжи уште по добро со Црвениот крст на Македонија. Ќе продолжи соработката и со средствата за информирање како печатените така и електронските. Ќе продолжи соработката и со сродните здруженија а посебно со тие од регионот.
10. Ќе се вложат максимални напори за да во 2016 година, Активот на жените во здружението да биде по активна со разни форми како: учество на екскурзии, на предавања, спортски натпревари, Ревијали и др.
11. Ќе им се посвети поголемо внимание на соработката со ограноците на здружението. Раководство на здружението, ќе учествува повремено во работата на Одборите на ограноците како и средба со другите членови во нив каде ќе се разгледуваат Извештаи и други документи на здружението.
12. Во 2016 година, ќе се организира работата вo Дневниот центар за пензионерите на Здружението со разни активности.
13. Здружението, во 2016 година ќе се ангажира и за други активности кои во текот на годината ќе се појават како потребни.
|
Од Извршен одбор на ЗП Сарај |
P r o g r a m
Për punën e Shoqatës së pensionistëve të komunës Saraj për vitin 2016
Shoqata e pensionistëve të komunës Saraj, vitin 2016 e fillon me mandatin e tretë me organe dhe trupa të freskuara me anëtarë të rinj. Dy mandatet e kaluara, edhe pse si shoqatë relativisht e re ishin mjaftë të suksesshme. Ajo përvojë shoqatës do t'i shërbej që viti 2016 të jetë edhe më e suksesshëm. Pjesa më e madhe e aktiviteteve të shoqatës edhe në vitin 2016 do jenë vazhdim i aktiviteteve të vitit paraprak duke i zgjeruar ato dhe duke i mbi ndërtuar.
Bartës të aktiviteteve programore edhe në vitin 2016 do të jenë organet dhe trupat e shoqatës. Për këtë vit, planifikohen këto aktivitete:
1. Kuvendi i shoqatës, brenda vitit do të mbaj dy mbledhje. Njërën mbledhje kah fundi i muajit shkurt në të cilën do të duhet të shqyrtohen dhe aprovohen dokumentet: Raporti për punën e Shoqatës, Raporti financiar, Raporti i Këshillit mbikëqyrës, Llogaria përfundimtare (këto për vitin 2015), si dhe Plani financiar dhe Programi për punë në vitin 2016 etj. Mbledhjen e dytë do ta mbaj kah fundi i vitit kur do të duhet eventualisht të bëj Rebalancin e buxhetit për vitin 2016 dhe financimin e përkohshëm për tre muajt e parë të vitit të ardhshëm. Sipas nevojës, do të mbaj edhe mbledhje të tretë.
2. Këshilli ekzekutiv, si organ ekzekutiv, mbartës i shumë aktiviteteve, mbledhjet e veta do t'i mbaj sipas nevojës. Do të angazhohet për realizimin e suksesshëm të Programit për punë, do t'i përgatis mbledhjet për Kuvend, Llogarinë përfundimtare, Planin financiar, Raportin për punën e organeve dhe trupave të shoqatës, Programin për punën e organeve dhe trupave të shoqatës. Do të angazhohet për aplikimin e drejtë dhe të tërësishëm të të drejtave të pensionistëve që dalin nga Ligjet përkatëse. Do të angazhohet për afirmimin e Shoqatës me qëllim të realizimit më të suksesshëm të detyrave në interes të pensionistëve, arritje rezultatesh në punë dhe për përgjegjësi më të madhe të organeve, trupave dhe anëtarëve. Afirmimi i mëtejmë i degëve dhe vënia e kontakteve më të shpeshta me ata. Hapja e Klubit-Qëndrimit ditor të pensionistëve. Do të angazhohet që selia e Shoqatën të jetë në territor të shoqatës me qëllim që të jetë më afër anëtarëve. Do të angazhohet gjithnjë për transparencë në punën e organeve dhe trupave të shoqatës etj.
3. Këshilli mbikëqyrës si organ i Shoqatës, edhe në vitin 2016, përveç punës financiare, do të përcjellë edhe mbarë punën me qëllim që ajo të jetë në pajtim me aktet normative shoqatës. Ai, sipas nevojës do të përgatis edhe Raport me shkrim për situatën financiare, të hyrat-të dalat dhe ato do t'i prezantoj para organeve të shoqatës me qëllim që ato të përdoren në mënyrë të drejtë dhe
transparente.
4. Komisioni për Statut do të bëj përshtatjen e Statutit të shoqatës në pajtim me Ligjin për organizimin pensionist i cili është në procedurë për aprovim në organet e LShPM. Do të intervenojë edhe në dispozita tjera të Statutit, atje ku do të konstatohet se është e nevojshme.
5. Komisioni për sport dhe aktivitete sportive i shoqatës do të përgatis programin e vet për këto aktivitete. Do t'i organizojë aktivitetet sportive lokale. Do të marrë pjesë na aktivitete sportive regjionale dhe mundësisht në ato të 21-tat republikane. Në këtë drejtim, do të bëhet përpjekje për përgatitjet më të mira në këto gara si dhe në pjesëmarrje më masive të pensionistëve të shoqatës.
6. Komisioni për ekskursione, rekreacion dhe jetën kulturore-zbavitëse, do të përgatis program për aktivitete. Do të organizohen ekskursione njëditore në Maqedoni dhe Kosovë si dhe ekskursion 2-3 ditor në Shqipëri, për vizitë të vendeve historike. Do të organizohet edhe verim grupor në bregdetin shqiptar.
Do të merret pjesë në Revyalin e 14-të regjional të këngëve, muzikës dhe valleve, në Revyalin folklorik ballkanik në Shkup (nëse do të mbahet), në takimin multietnik tradicional që do të mbahet në Qendrën rekreative sportive në Saraj me rastin e ditës së pensionistëve 20 shtatori etj.
7. Shëndetësisë dhe çështjeve sociale po ashtu do tu jepet rëndësi e posaçme pasi që kjo moshë e tretë më së shumti ka nevojë për të. Bartës i aktiviteteve do të jetë Komisioni përkatës. Do të mbahen ligjërata me tema nga shëndetësia. Në bashkëpunim me Kryqin e kuq të Maqedonisë, do të kontrollohet tensioni, sheqeri dhe yndyra në gjak si dhe do të ketë përkujdesje shëndetësore në kushte shtëpiake.
8. Informimi edhe në vitin 2016 do të bëhet përmes strukturave në Shoqatë, përmes kryetarëve të degëve të cilët marrin pjesë në mbledhjet e organeve drejtuese. Do të bëhet edhe përmes shpalljeve me shkrim të cilat do të vihen në vende të dukshme. Informim i mirë do të bëhet edhe përmes gazetës “Penzioner plus”, shtojcës “Penzionerski vidici” në gazetën “Nova Makedonia” si dhe përmes faqes shtojcë për pensionistët në gazetën “Koha”. Këtë vit, informimi do të bëhet edhe përmes WEB nën faqes së shoqatës tonë në LShPM, si dhe përmes Biltenave që boton LShPM.
9. Në vitin 2016 do të thellohet bashkëpunimi me Pushtetin e vetëqeverisjes lokale në Saraj, si dhe sipërmarrjet publike në nivel lokal. Bashkëpunimi do të vazhdoj edhe me Lidhjen e shoqatave të pensionistëve të Maqedonisë ku shoqata është anëtare, si dhe me Lidhjen e shoqatave pensioniste të qytetit të Shkupit. Në këto dy Lidhje shoqatash, shoqata jonë ka përfaqësues në Kuvendet e tyre. Bashkëpunimi i mirë filluar vitin e kaluar do të vazhdoj dhe do të thellohet edhe më mirë me Kryqin e kuq të Maqedonisë.
Do të bashkëpunohet me mjetet e informimit si ato të shtypit po ashtu edhe ato elektronike. Bashkëpunimi do të vazhdoj edhe me shoqatat pensioniste simotra sidomos ato të regjionit, si dhe me Organizata dhe shoqata humanitare.
10. Do të bëhet përpjekje maksimale që në vitin 2016 Aktivi i grave në shoqatë të jetë më aktiv përmes formave të ndryshme: pjesëmarrje në ekskursione, ligjërata, gara sportive, Revyale etj.
11. Kujdes më i madh do t'i kushtohet bashkëpunimit me degët e shoqatës. Drejtues të shoqatës do të marrin pjesë në takimet e Këshillave të degëve dhe takime tjera me anëtarët në degë ku do të shqyrtohen raporte dhe akte të shoqatës.
12. Do të organizoj punën për aktivitete të ndryshme në Qendrën për qëndrim ditor të pensionistëve.
13. Shoqata, në vitin 2016 do të angazhohet edhe në aktivitete të tjera të cilat brenda vitit do të paraqiten si të nevojshme.
|
Nga Këshilli ekzekutiv ZP Saraj |
|
|