За нас Организација Програма Документи Контакт СЗПМ  
 
 
  За нас  
Страници на здруженија

Според архивските податоци и Централниот регистар ЗП Струга,функционира од 18 март 1981 година. Идејата за формирање на здружението  била на неколкумина интелектуалци од Струга.

Во првите години на формирањето здружението делувало согласно Законот за пензиско-инвалидско здравствено и социјално осигурување. Подоцна бил донесен и првиот Статут на здружението и другите правни акти, а во 2010 година, пререгистрирано  согласно Законот за здруженија и фондации. Денес ЗП Струга брои 3.800 членови од кои 700 се Албанци. Ова здружение е едно од неколкуте со мешана  меѓуетничка припадност бидејќи,во него членуваат Македонци, Албанци, Власи, Роми и пензионери од  други етнички заедници,и е за пример како тие заеднички деполитизирано делуваат во сите сфери на живеење и работење во органи на здружението. ЗП Струга од  ноември  2012 година, делува самостојно, бидејќи во тој период,околу 400 пензионерите од Вевчани  се одвоија од струшкото здружение и формираа свое Општинско здружение на пензионери Вевчани. ЗП Струга е организирано на територијален принцип со 14 Месни ограноци. Според Статутот здружението го сочинуваат Собрание од  37 члена, како највисок орган на здружението,потоа,  Извршен одбор од  13 члена,  а по три членови имаат Надзорен одор, Статутарно-правна комисија, Актив на пензионерки, Комисија за здравствена и социјална заштита  и Комисија за спорт и рекреација.

Струшкото здружение на пензионерите е меѓу ретките здруженија во Републикава кои го имаат решено административното - просторно  прашање со функционални и добро опремени простории за работа, има засебна сала за состаноци на Извршниот одбор и Комисиите, а располага и со Клуб на пензионери во кој дневно по стотина пензионери го минуваат времето во играње на сите салонски игри.

Пензионерите од Струга имаат и  плодна соработка со СЗБ од НОВ,  со повеќе ЗП од Југо-западниот регион и со други институции, јавни претпријатија, фондации,и  невладини организации, а со општинскиот Црвен крст на Струга имаат потпишано и Меморандум за соработка. Особена активност во своето 33-годишно успешно функционирање ЗП Струга има постигнато во изминатите десетина години, а како резултат на актуелното раководство на здружението на претседателот на Собранието  Лиман Положани и секретарот Мирко Трпоски.

За својата успешна работа ЗП Струга има добиено бројни, Признанија, Благодарници, Пофалници, а на спортски план, златни, сребрени и бронзени медали.

 
  изработено од Medium 3