За нас Организација Програма Документи Контакт СЗПМ  
 
 
  За нас  
Страници на здруженија

Здружението на пензионери Тафталиџе ДДД е регистрирано на 13.02.2008 година.

Од формирањето до денес Здружението се развива и остварува забележителни резултати благодарение на раководството, но и на сите членови. Во здружението на пензионерите на Тафталиџе ДДД денес членуваат 6 300 пензионери организирани во 6 и тоа: Карпош 1 и 2, Карпош 3 и 4, Влае со Злокуќани и Бардовци, Тафталиџе 1 и 2, Владо Тасевски и Козле. Во здружението функционираат и 3 Клубови на пензионери во кои пензионерите се дружат и забавуваат. Во здружението активно работи и Активот на пензионерки кои се активни на сите полиња. Здружението се труди да ги заштити и унапреди заедничките цели и интереси на членовите, правата од пензиското и инвалидско осигурување, да ја унапреди здравствена заштита, ги организира културните, спортските и хуманитарните потреби, организира одмор и рекреација, бањско-климатско лекување, дава помош и сместување во домови на незаштитените и материјално најзагрозените пензионери и друго.

Здружението денес активно соработува со Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, со Сојузот на здруженија на пензионери на Град Скопје, со други општински здруженија, локалната самоуправи на општините Карпош, Фондот за пензиско и  инвалидско   осигурување, Фондот за здравствено осигурување, Центарот за социјални работи, Општинската организација на Црвен Крст, и други организации и институции кои имаат допирни точки со реализацијата на програмата на ЗП Тафталиџе ДДД.

Здружението располага со скромни финансиски средства, но со домаќинско работење и поголемо ангажирање на органите и телата успева успешно да ги реализира програмските активности.

Здружението делува како самостојна, невладина и неполитичка организација, која во континуитет се развива. Основна карактеристика  на здружението е да го крене квалитетот на живеење на луѓето од трето доба. 

 
  изработено од Medium 3