| 
           Здружението на пензионери – Велес e правен  субјект  на улица  Алексо Демниевски бр. 29 Велес.  
           Формирано е во 1957 година. Собранието е највисок орган и  се состои од 25 членови. Извршен одбор на собранието има 11 членови, а Надзорниот  одбор 3 членови. Во ЗП Велес работат и Статутарна Комисија, Комисија за спорт и  рекреација,  Комисија за култура, Комисија за доделување станови, Комисија за тековно одржување, Комисија за социјални прашања, како и Актив на  пензионерки.  
           Органите и телата работат според актите на здружението и  утврдена програма која е од отворен карактер и може да се надополнува според  потребите и интересите на пензионерите – членови на здружението. 
           Претседател на здружението е д-р  Веле Алексоски. 
         |