П Р О Г Р А М А За работа на Здружението на пензионери – Велес, 
февруари 2015 – февруари 2019
          I. Инвестициски активности:  
Целосно  реновирање на Домот на пензионерите:  
а) Промена на  подот во салата и работните простории-бифе со магацин; 
б) Белење и  бојадисување на дрвенаријата;:  
в) Комплетно  реновирање на кујната и санитарните јазли; 
г) Замена на  дотраените цевки за фекалии со нови пластични во сите 
станови и гарсониери; 
д) Промена на  салонитните канцерогени табли на покривот на зградата; 
ѓ) Доградба на 1  службен клозет (гости и вработени) 
е) Белење на  ходниците и санирање на подрумите; 
ж) Покривање  (тенда) на летната тераса и промена на дрвенаријата која
е извор на  зараза; 
          II. Организациски активности 
          
            - Формирање  на клубови на пензионери по сите УЗ и МЗ, особено
 
            - Кај  новоформираните: УЗ – Тунел, УЗ – Керамидна, УЗ – Шорка. Во руралните населби, формирање  на нови ограноци и тоа: МЗ – Отовица. МЗ – Горно Оризари, МЗ – Богомила, МЗ-  Иванковци, МЗ – Виничани – Градско.
 
            - Застапеност  преку свои делегати на сите пензионери од новоформираните ограноци при УЗ и МЗ.
 
            - Отворање  на рекреативни центри за неколкудневен престој на пензионерите во адаптираните  згради: 
 
           
          а)  Домот во с. Мокрени 
            б)  Старата училишна зграда во с. Рудник; 
            в)  Старата училишна зграда во с. Подлес 
           III. Рекреативно-забавни  активности:  
            а) Формирање на  играорна група; 
            б) Музичка група 
            в) Театарска  секција; 
            г) Зголемување  на бројот на спортските дисциплини покрај постоечките
            како атлетика, пинг-понг итн. 
            д) Книжевна  секција: поети и писатели пензионери 
            ѓ) Научно  истражувачки екскурзии „Запознај ја татковината и нејзините соседи“ 
                      IV. Бесплатен превоз,  еднаш до двапати месечно село-град:  
            а)  Богомила-Велес 
            б)  Извор-Велес 
            в)Градско-Велес 
            г)  Иванковци-Велес 
           V. Неодложно, задолжително  активирање на Стратегијата грижа за 
            a)стари лица:  
            б) Домашна  посета,  
            в) Материјална, финансиска  и здравствена помош со хуманитарното
            солидарно мото „Од пензионерите – за  пензионерите“ (Од нас-за нас) 
            г) Ангажирање медицинска сестра во службен  стан и доктор специјалист–            волонтер 
           VI. Бесплатни посети на музеи, институции и објекти од  национален и историски карактер (споменици, музеи, театри, спортски настани –  меѓу народни натпревари...) 
           VII. Логистичка помош на младите – групен откуп на  влезници каде  што  настапуваат лица од првата животна доба – деца и младинци 
           VIII. Едукативни предавања за лица од  трета животна доба (стари). 
           IX. Чување во постојана резерва на  еден стан и една гарсониера за времено 
            давање на семејства кои го изгубиле  своето живеалиште во елементарни 
            непогоди  - пожар, поплава, земјотрес... 
           X. Перманентна информираност и  транспарентност за работата на Здружението,  
          XI. Соработка со сите здруженија на  пензионери во Р Македонија како 
            и  меѓународна соработка 
           XII. Во фокусот на сите активности на  Здружението треба да биде почитта,       кон  пензионерите, љубовта кон нивните поколенија и кон татковината. 
  
    | Велес                         05.02.2015                      | 
    ЗП-Велес 
      претседател:  
                                    Проф.др. Веле Алексоски                      | 
     
 
          
         |